Во рамки на 15-та министерска конференција на земјите од западен балкан, која се одржа во Тирана, Албанија, членовите на двете делегации, Гоце Георгиевски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Снежана Поповиќ од Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија го потпишаа акцискиот план, чие спроведување започнува веднаш, а се однесува на периодот 2021 – 2024 година.
Акцискиот план предвидува низа заеднички активности на двете држави во земјоделскиот ресор преку техничка соработка на двете министерства во полето на земјоделството, руралниот развој, шумарството и одржливи системи за храна.
„Голема чест е да се биде дел од развојните процеси за македонското земјоделство, особено кога во тоа имате помош од искрени пријатели, како што е Словенија!” – истакна Гоце Георгиевски во својата објава на неговиот фејсбук-профил.

