На две единки еребици камењарки во националниот парк „Галичица“ поставени им се ГПС предаватели. Акцијата на заловување на птиците ја направил тим научници од Македонското еколошко друштво – МЕД, DOPPS – BirdLife Slovenia и НП „Галичица“.
– Статусот на еребиците камењарки на глобално ниво се движи кон засегнат, а кај нас постојат многу малку податоци за нивната екологија и живот. Затоа, истражувањето со помош на телеметрија може да ни обезбеди јасна слика за територијата која ја користат, социјалното однесување на единките, распространувањето, презимувачките локации, како и нивните закани, соопшти МЕД. Целата акција се одвивала во националниот парк „Галичица“ околу локалитетите Велестово, Дава Ливада и цирковите под врвот Магаро.
– Имајќи на ум дека ова е ловна птица, колку повеќе знаеме за неа толку полесно ќе можеме да направиме добри акциски и мониторинг планови и ефективни конзервациски мерки, се наведува во инфорацијата.
Поставени првите ГПС предаватели на еребици камењарки во НП Галичица
Остави коментар
Остави коментар
