Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национален парк „Галичица“: Забележана мечка над селото Горно Коњско, апел за зголемена внимателност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национален парк „Галичица“: Забележана мечка над селото Горно Коњско, апел за зголемена внимателност
Агровести

Национален парк „Галичица“: Забележана мечка над селото Горно Коњско, апел за зголемена внимателност

Објавено 16/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавната установа Национален парк „Галичица“ информира дека денеска туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско.

Од Националниот парк апелираат до жителите, посетителите, планинарите и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во тој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа.

Истовремено, од Национален парк „Галичица“ ги повикуваат граѓаните кои се во контакт со локалното население или со лица што престојуваат или работат во ова подрачје да ја споделат информацијата, со цел навремена претпазливост.

Појавата на мечки во охридскиот регион не е невообичаена, особено во пределите на Националниот парк, каде кафеавата мечка е дел од природниот биодиверзитет. Во изминатите години регистрирани се повеќе случаи на нивно приближување до населени места и земјоделски површини.

Во 2023 и 2024 година, жители и пчелари од подрачјето на Горно Коњско и Горица пријавија штети на пчеларници, откако мечка со младенче се приближила до населениот простор.

Претходно, во 2018 година, во близина на Љубаништа беше пронајдена мечка фатена во нелегално поставена замка во рамките на Националниот парк „Галичица“. По интервенција на надлежните служби, животното беше ослободено.

Во 2022 година беше регистриран и случај кога мечка предизвикала оштетување на заштитната ограда на одгледувалиштето за европски елен во Националниот парк „Галичица“.

Од управата на паркот повеќепати апелираат посетителите и планинарите да бидат внимателни при движење во природата, да не се приближуваат до диви животни и да не оставаат храна која може да ги привлече во близина на патеки и населени места. 

МИА

Може да ви се допадне

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Без вода дел од Горно Соње, Рашче, Бојане и Копаница
Промоција на повикот за учество на македонските компании на ЕКСПО 2027 во Белград
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
Таг:апелвнимателностгаличицаГорно Коњскомечка
Претходен напис Без вода дел од Горно Соње, Рашче, Бојане и Копаница
Следен напис Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?