Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер
Агровести

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

Објавено 07/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ на 2.000 метри надморска висина постави дополнителни камери кои ќе ги детектираат дивите животни, но и други случувања на планината.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ информираа дека превентивните активности даваат резултати и тој процес ќе се интезивира.

-Новите камери ги поставивме на висок регион, над 2.000 метри надморска висина. Нашата цел е зачувување и мониторинг на живеалиштата на животните, да им се подобрат нивните услови за живеење и опстанок во природата. Во овој регион се надеваме дека ќе затекнеме движење на дива коза, но и други диви животни. Системот за мониторинг ќе ни помогне за нивна заштита, ќе ја утврдиме бројноста, здравствената состојба и нивниот потенцијал во националниот парк Пелистер, истакна Петар Моштановски, вработен во таа установа.

Според директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски, дел од камерите освен за мониторинг на животните се користат и за превенција од несакани случувања на Пелистер. 

-Со активен мониоринг се намали нехигиената, се помалку смет се остава од страна на посетители на планината и во таа смисла посебно се заблагодарувам на медиумите кои ги објавуваа сите наши апели кон јавноста да се зголеми културата на однесување во планина и да сме свесни дека за зачувување на националното богатство сите треба да придонесуваат, нагласи Тошевски.

ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола наскоро ќе промовира други еко проекти за заштита на националниот парк Пелистер.

МИА

Може да ви се допадне

Земјоделците од Струмичко излегоа на протест – Бараат зголемување на откупните цени
Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто
ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години
МЗ: Нови седум случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, сите од Скопје
Во Куманово поднесени 160 барања за обесштетување по невремето од 20 јули
Таг:мониторингнови камериПелистер
Претходен напис Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто
Следен напис Земјоделците од Струмичко излегоа на протест – Бараат зголемување на откупните цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?