Украина во четвртокот ја укина скоро 20-годишната забрана за продажба на земјоделско земјиште, со надеж дека тој потег ќе го зголеми вложувањето во аграрниот сектор, чии производи доминираат на прехрамбените пазари на многу земји. Имено, оваа држава е водечки производител и извозник на пченка, пченица и сончогледово масло.
Укинувањето на забраната е изгласано уште во март минатата година, а од први јули 2021 година е укинат и мораториумот за продажба. Значи, законодавците на владата ѝ дале повеќе од една година да се подготви за слободна трговија со овој реусрс.
„Ќе бидеме прва генерација Украинци во 100 години која не само што ќе го поседува, туку и ќе располага со своето земјиште“, изјави тамошниот министер за земјоделство, Роман Лешвенко.
Како што пишува еправда, во првите две и пол години купувањето ќе биде ограничено. Имено, граѓаните ќе можат да купат до 100 хектари, а фирмите ќе можат да го сторат тоа дури од 2024 година. Законот моментално им забранува на странците и странските претпријатија да купуваат земјоделско земјиште. Но, веќе се зборува за можно распишување на референдум за да се овозможи тоа во иднина.
Владее страв од големите фирми, но и од странците
Исто така, забранета е продажбата на државното и комуналното, а со закон е утврдена и минималната почетна цена и е ветена предност при купување за оние кои се веќе во закуп.
После стекнување на независноста во 1991 година, Украина подели околу 30 милиони хектари земјоделско земјиште на малите фармери кои досега можеле само да го изнајмуваат.
Оваа тема со години предизвикува расправи и во политиката и меѓу јавноста. Критичарите предупредуваат дека на тој начин ќе им се овозможи на домашните олигарси, како што велат, да ја разграбаат земјата, а исто така и странците кои имаат поголема куповна моќ во однос на населелението на Украина.
Многумина се противат на таквиот потег бидејќи сметаат дека украинските земјодлеци се пресиромашни да ја купат, додека некои помали сопственици ќе бидат принудени да го продадат своето земјиште за да преживеат.
Извор: agroklub.com
