Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: На транспортерите им се потребни олеснувања на граничните премини и модерни патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: На транспортерите им се потребни олеснувања на граничните премини и модерни патишта
Агровести

Бочварски: На транспортерите им се потребни олеснувања на граничните премини и модерни патишта

Објавено 06/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија учествуваше на министерски состанок за прекуграничното поврзување на земјите од Регионот на Западен Балкан и Европската Унија во организација на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

На министерскиот состанок, присуствуваа министрите за транспорт на Република Грција, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска, Црна Гора, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

Во своето обраќање министерот Бочварски истакна дека Република Македонија се стреми кон создавање на модерен и безбеден транспортен систем кој е прилагоден на потребите на земјата, за обезбедување на поголема мобилност на граѓаните како поддршка на одржливиот развој и раст на националната економија.

„Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден од нашите приоритети и вклучува подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи во транспортниот сектор Нашата Влада ја промовира регионалната соработка со ставање во центарот на вниманието на регионалната и меѓународната димензија на сите видови на транспорт преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура долж основната и сеопфатната мрежа на TEН-T што минува низ земјата”, истакна министерот Бочварски.

Во рамки на дискусијата на темата за подобрување на граничното управување, министерот Бочварски истакна дека билатералните договори со соседните земји за заеднички гранични премини се ефикасна алатка за подобрување на транспортот на стока и патници на граничните премини.

Министерот Бочварски истакна дека, паралелно со билатералните договори, потребно е да се подобри транспортната инфраструктура на граничните премини и по должината на транспортните Коридори 8 и 10.

Во рамки на министерскиот совет тој и оддржа билатерална средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис.

На средбата се разговараше за поинтензивна соработка помеѓу двете министерства како и обновување на железничката линија Битола – Лерин долж Коридорот 10-д.

На маргините на Советот се одржа и средба со Асоцијациите на транспортери од Словенија на која покрај министерот Бочварски присустваа и министрите од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. На состанокот се разговараше за олеснување на транспортот на граничните премини, изнаоѓање на начини на поедноставување на процедурите како и проширување на зелените ленти на граничните прмини со земјите членки на ЕУ од регионот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бочварскибрно
Претходен напис После 20 години Украина ја укинува забраната за продажба на земјоделско земјиште
Следен напис (Фото) Берово и Пехчево добија четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите и дрон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?