Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поскапува и кафето, една шолја ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку пред една година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поскапува и кафето, една шолја ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку пред една година
Агровести

Поскапува и кафето, една шолја ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку пред една година

Објавено 07/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Голем број луѓе секојдневната рутина ја започнуваат со шолја кафе, а таа шолја ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку една година порано. Граѓаните на ЕУ, пак, пијат кафе поскапо за 16,9 проценти, покажуваат податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со истиот месец лани.

За оние кои го пијат кафето со млеко или шеќер, овој утрински ритуал може да биде уште поскап и да стане луксуз бидејќи цените на тие артикли се зголемени уште повеќе во текот на изминатата година. Цената на свежото полномасно млеко во Северна Македонија е зголемена за 29 отсто, а на шеќерот за 58 проценти.

Во земјите од ЕУ, пак, во просек млекото поскапело за 24,3 отсто, а шеќерот за 33,4 отсто, најмногу во Полска за дури 109,2 проценти.

Според податоците на Евростат, цените на кафето, млекото и шеќерот се зголемиле во сите земји-членки на ЕУ, освен во Малта.

Кафето најмногу поскапело во Финска (43,6%), во Литванија (39,9%) и во Шведска (36,7%)

Млекото во Литванија (58,2%), во Хрватска (41,2) и во Естонија (38,9%).

Шеќерот, пак, во изминатата година најмногу поскапел во Полска (109,2%), во Естонија (81,2%), Летонија (58,3%) и во Бугарија (44,9%).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кафе
Претходен напис Се разгледуваат можностите како да им се помогне на производителите на основните прехранбени продукти
Следен напис Целосно изгорела плевна во село Бошава, сточарско семејство останало без простор за кравите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?