Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пошумување за закрепнување и обновување на делови од крајречниот шумски појас покрај реката Брегалница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Пошумување за закрепнување и обновување на делови од крајречниот шумски појас покрај реката Брегалница
Шумарство и водостопанство

Пошумување за закрепнување и обновување на делови од крајречниот шумски појас покрај реката Брегалница

Објавено 14/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според изјавата на помошникот-директор на Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов, Маре Басова, на 13 декември, во близина на селото Софилари, во атарот на општината Штип, ЈП Национални шуми спроведе пошумување со околу 500 садници од бела топола и бела и кршлива врба на површина од околу 2 ха, а истата е во управување на јавното претпријатие. Пошумувањето се спроведува со цел закрепнување и обновување на делови од крајречниот шумски појас покрај реката Брегалница.

May be an image of 10 people, people standing, tree and outdoors

Оваа активност е новина во расадничарството на јавното претпријатие, кое како партнер е вклучено во Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија -ПЗП(2017-2021), проект на Швајцарската агенција за развој на соработка. Конкретно оваа активност е дел од компонентата на програмата, што се однесува на обновување на крајречните шуми долж реката Брегалница, со цел подобрување на нивните основни функции во заштита од ерозија и поплавување на околните површини.

Во последните четири години, ЈП Национални шуми во соработка со Македонското еколошко друштво и во координација со Фармахем како национален координатор на ПЗП, ги зајакна своите капацитети во овој тип на производство што е пионерска активност во регионот. Во текот на 2021 година во расадниците на ЈПНШ во Кавадарци и Делчево, се произведени повеќе од 1000 садници од овие крајречни видови. Овие садници ќе бидат засадени покрај реката Брегалница и на други нарушени делови од рипариски појаси во брегалничкиот слив. Крајречните (рипариските) шуми имаат голема улога во регулирањето на речните сливови, со што спречуваат ерозија на почвата и поплавување на блиската околина. Tополовите шуми кои го претставуваат најголемиот дел од рипариската вегетација долж долна Брегалница се приоритетно станиште за заштита на ниво на ЕУ, согласно Хабитат директивата (Анекс I).

На пошумувањето присуствуваа Помошниците-директори Маре Басова и Николчо Киров, вработените од Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов, претставници од МЕД, претставници од Фармахем, вработени од подружниците на ЈП од Штип и Свети Николе.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ДЗР: ЈП Национални шуми со ниска реализација на планот за производство, зголемени долгови и намалена ликвидност
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:ЈП Национални шуми
Претходен напис „Денови на кариера“ од 13 до 16 декември на Факултетот за земјоделски науки и храна
Следен напис Одрон ја затвори пешачката патека кај штипско Ново Село
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?