Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради заглавениот брод во Суецкиот Канал, се зголеми цената на морскиот транспорт
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради заглавениот брод во Суецкиот Канал, се зголеми цената на морскиот транспорт
Агровести

Поради заглавениот брод во Суецкиот Канал, се зголеми цената на морскиот транспорт

Објавено 26/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Instagram
Сподели
Ad imageAd image

Цената на морскиот трговски превоз се зголеми неколкупати поради блокирањето на Суецкиот Канал каде што е заглавен товарен брод со контејнери, пишува Блумберг.

Според експертите на агенцијата, сè уште е тешко да се проценат загубите што ќе ги претрпи светската економија поради инцидентот во Суецкиот Канал.

До денеска, според Блумберг, стоки и нафтени деривати во вредност од над 10 милијарди долари се блокирани во Суецкиот Канал. Во исто време, кризата предизвика зголемување на цената на морскиот товар.

Доколку каналот остане блокиран неколку недели, танкерите кои испорачуваат нафта и нафтени производи од Блискиот Исток во Европа, можат да бидат пренасочени по алтернативна рута – околу ‘ртот Добра надеж. Според проценките на агенцијата, во тој случај трошоците за испорака ќе се зголемат за најмалку 300.000 американски долари, а тоа е количината на гориво што мора да се плати за секој танкер за да се помине растојанието од дополнителни 9.650 километри.

Да потсетиме, пред неколку дена беше запрен водениот сообраќај на една од најпрометните трговски рути на светот откако огромен товарен брод го блокираше Суецкиот канал заглавувајќи се под налет на силниот ветар.

Станува збор за тајвански брод кој бил на пад за Ротердам, долг 400 метри и широк 59 метри, кој се заглавил оневозможувајќи им на другите бродови да поминуваат низ каналот, пренесе „Би-Би-Си“.

https://twitter.com/nat_ahoy/status/1374445914169831427?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1374445914169831427%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fvideo-blokiran-sueckiot-kanal%2Fa466924

Суецкиот канал ги поврзува Средоземното и Црвеното Море и прави најкратка морска врска меѓу Азија и Европа.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:суецки канал
Претходен напис Висина на субвенциите за 2021 година за производство на сертифициран посадочен материјал за градинарски производи и цветни култури
Следен напис Николовски: Развиени општини значат силна економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?