Развиени општини значат силна економија.
Во таа насока се политиките на Владата, континуирано вложуваме за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.
Чест ми беше што денеска, заедно со премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Никица Бачовски, пратеничката Соња Михаиловска и нашиот домаќин, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, го означивме почетокот на изградба на нов, современ градски пазар.
Ова е значен проект за граѓаните на Делчево, особено што во овој наш крај земјоделските дејности се прилично застапени. Со негова реализација се создаваат современи, подобри услови како за продавачите, така и за купувачите.
Современиот градски пазар ќе биде уште едно место двигател на локалната економија во Делчево. Со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции Владата спроведува проекти конкретно насочени кон развој на општините, во интерес на граѓаните.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски- Заменик на Претседателот на Владата на РСМ за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси



