Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на „Слоу Фуд салонот“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на „Слоу Фуд салонот“
Агровести

Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на „Слоу Фуд салонот“

Објавено 28/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Петтото издание на „Слоу Фуд салонот“ ќе се одржи денеска во Скопје, каде посетителите ќе имаат можност да дегустираат и купат традиционални домашни производи, но и да учествуваат на бројни едукативни, интерактивни и стручни настани посветени на храната.

Настанот е во организација на „Слоу Фуд Водно„ и „Слоу Фуд Македонија“, со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шведска и We Effect

Настанот, кој ќе трае од 11 до 20 часот, ќе ги собере производителите од сите конвивиуми на „Слоу Фуд Македонија“, кои ќе понудат млечни и сувомесни специјалитети, зимница, домашни сокови, производи од тартуфи, мед, маџун, маслиново масло, слатка, џемови и други автентични деликатеси за љубителите на добрата храна.

Покрај изложбено-продажниот дел, организаторите најавуваат богата програма со мастер-класови за наградувани вина во 2026 година, пивски стилови и дестилати, ккако и „Слоу Фуд миксологија“, преку која ќе бидат претставени интересни коктел-комбинации подготвени со пијалаци од „Слоу Фуд производители“.

- Реклама -
Ad image

Во рамки на „Слоу Фуд Арена“ ќе се одржат и панел-дискусии на три актуелни теми: „Кога искуството ги среќава новите трендови – здрава детска исхрана за сите“, „Обичаите како начин за воздигнување на храната“ и „Вишокот храна: одговорности и решенија“.

Посетителите ќе можат да присуствуваат и на демонстрации за подготовка на леб од кисело тесто и традиционално производство на сирење во рамки на Школата за одржлива гастрономија, како и да се запознаат со активностите на „Слоу Фуд“ фармите, а на „Слоу Фуд“ ѕидот – интерактивен простор посетителите ќе имаат можност да остават свој белег преку омилен рецепт, кулинарска мисла или порака посветена на храната.

Програмата вклучува и семинар за младински активизам, посветен на идеите, иницијативите и енергијата на младите кои сакаат активно да придонесат за промени во системот на храна.

За најмладите посетители е подготвена посебна авантура во детското катче „Не лути се, полжавче” каде што преку игра и забава ќе можат да го откриваат светот на храната. 

МИА

Може да ви се допадне

Почуствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за дегустации и запознавање со сортите Темјаника, Смедеревка, Станушина и Вранец
Сообраќајот по влажни коловози, Магла на Стража
Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027
Започна оперативната реализација на Акцискиот план за решавање на проблемот со добитокот во Крива Паланка
Таг:Автентични вкусовидомашни деликатесиСлоу Фуд салонот
Претходен напис Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег
Следен напис Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за дегустации и запознавање со сортите Темјаника, Смедеревка, Станушина и Вранец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?