Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради високите температури да се наводнуваат површините, културите да се заштитат од плевели, болести и штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради високите температури да се наводнуваат површините, културите да се заштитат од плевели, болести и штетници
Агровести

Поради високите температури да се наводнуваат површините, културите да се заштитат од плевели, болести и штетници

Објавено 27/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите.

Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници. 

-Ова е период кога потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните окопни и индустриски култури. Земјоделските производители може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување работи во поле. Поради високите температури наводнувањето да биде задолжително. Треба да се обрне внимание и на подготовката на механизацијата за претстојната жетва на житните култури. Посевите редовно да се следат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Минатата недела, потсетуваат, времето беше претежно сончево и топло со мала локална облачност и повремени поројни врнежи од дожд.

-Овие временски услови беа поволни за зреење на некои видови овошје како црешата, вишната и некои типови зеленчук, како и за интензивниот раст и развој на пченката, сончогледот, и другите пролетни култури.  Виновата лоза е во фаза на затворање на гроздови. За време на оваа фенофаза во лозовите насади треба да се врши редовна обработка на почвата за уништување на плевелите и зачувување на влагата. Се врши и редовна заштита против болести и штетници, информираат  агрометеоролозите. 

МИА

Може да ви се допадне

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
Од 1 јули до 31 август се воведува летен времен режим на сообраќај со забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони
Евроамбасадорот Рокас во посета на општина Гостивар, меѓу темите можностите за аплицирање за европската програма ЛАЈФ
Водата за пиење во Скопје е безбедна и со добар квалитет
Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија
Таг:болестиВисоките температуриплевели
Претходен напис Од 1 јули до 31 август се воведува летен времен режим на сообраќај со забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони
Следен напис Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?