Франција е погодена од екстремно висока температура на воздухот, а дури во 53 департмани во сила е портокалов метеоаларм. Поради топлотниот бран затворени некои училишта, одложени се испитите на факултетите, а исто така се откажани и фестивали.
На академијата во Поатје завршните испити закажани за понеделник и вторник, се одложени за една недела поради топлотниот бран, што ќе продолжи и следните денови.
Училиштата се затворени во градот Сан, додека властите во Стразбур соопштија дека родителите треба да одлучат дали ќе ги пуштат децата во училиште.
Во Париз, околу десет средни училишта веќе ги променија своите распореди, а градоначалникот на Тур, Емануел Денис, изјави дека ќе ги затвори сите 58 институции во градот доколку температурите станат превисоки.
Француската железница откажаа дури 71 меѓуградски воз на подолги линии за да избегнат дефектите на клима уредите.
Локалните власти забранија физичка активност на отворено и спортски настани во најжешкиот дел од денот, бидејќи веќе се регистрирани неколку смртни случаи поради топлотен удар за време на рекреација.
Во топлотниот бран што ја погоди Франција во последните денови од мај, регистрирани се седум смртни случаи, предизвикани директно или индиректно од екстремната топлина.
МИА
