Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Помалку пченка од Украина, повеќе од Бразил – Како се тргуваше во ЕУ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Помалку пченка од Украина, повеќе од Бразил – Како се тргуваше во ЕУ?
Пазари

Помалку пченка од Украина, повеќе од Бразил – Како се тргуваше во ЕУ?

Објавено 08/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во објавениот извештај на Европската Унија за трговија со земјоделски и прехранбени производи, вкупната вредност на трговската размена во април 2022 година достигна 31,4 милијарди евра, што е зголемување за 14 отсто во однос на истиот период лани. Поради помалиот извоз во Русија за 26 отсто и во Кина за 11 отсто, извозот на земјоделски производи од ЕУ е намален за 5,4 отсто.

Трговските текови се зголемија од јануари до април. Извозот е зголемен за 10 отсто, а увозот за 28 отсто поради високите светски цени.

Војната во Украина имаше големо влијание врз тргувањето. Во март и април увозот на пченка од Украина е намален за 35 отсто, а од Србија за 77 отсто. Увозот на пченка од САД, Канада, Молдавија и Бразил делумно го компензираше ова нарушување на синџирот на снабдување.

Вкупниот извоз изнесувал 17,9 милијарди евра. Причина за тоа е слабиот извоз на свинско месо и пченица во Кина и намалувањето на извозот на житарки и маслодајни растенија. Имено, извозот во Кина е помал за 2 милијарди евра во однос на истиот период лани, најмногу поради свинското месо, чиј извоз е намален за 1,9 милијарди евра.

Извозот во Украина е зголемен за 93 отсто на месечно ниво. Зголемени се сите категории, освен растителните масла и зеленчукот. Зголемувањето е постигнато и во текот на април во субсахарска Африка, најмногу поврзано со маслодајните семиња за 83 отсто, житариците за 27 отсто и производите од житарки за 14 отсто. Незначително е зголемен и извозот на млечни производи, за два отсто.

Извозот во Обединетото Кралство порасна за 20 отсто, предводен од наглиот пораст на извозот на путер за 69 отсто, пченката за 46 отсто и пченицата за 25 отсто. Највисоки вредности се почувствувани кај извозот на житарки, вкупно 280 илјади евра, а најголем пораст има извозот на живина и јајца од 270 илјади евра.

Помал увоз

Увозот на земјоделски производи од ЕУ достигна вредност од 13,5 милијарди евра, што е за 1,2 отсто помалку во однос на март. Салдото на земјоделско-прехранбени производи за април 2022 година изнесува 4,4 милијарди евра. Тоа е намалување за 16 отсто во однос на март.

Во ЕУ најголем увоз оствариле маслодајните семиња и протеинските култури. За нив во набљудуваниот период се издвоени 7.527 милиони евра, што е зголемување за 27 отсто.

Од почетокот на јануари до крајот на април, гледајќи ја вкупната вредност на билансот, извозот изнесувал 69.592 милиони евра. Гледајќи ја кумулативната месечна трговија во 2022 година, извозот во Обединетото Кралство, САД и Јапонија пораснало најмногу, додека извозот во Кина, Русија и Украина бил нешто помал.

Вкупниот увоз е за 28 отсто поголем и изнесува 51.547 милиони евра. Бразил е земјата со која најмногу се тргувало и од која е остварен најголем увоз, со пораст од 46 отсто.

https://agriculture.ec.europa.eu/system/files/2022-07/monitoring-agri-food-trade_apr2022_en.pdf

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Таг:еуизвозпчемкапченица
Претходен напис Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари
Следен напис Ивана и Матија се најголемите производители на дуњи во Хрватска – Извезуваат главно во Словенија и Италија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?