Бременоста кај кравите обично трае 285 дена со варијации од 283 до 290 дена. Уредното водење на дневник за парењето или осеменувањето може да ви овозможи лесно да израчунате кога се очекува терминот на породување, со цел породилката да се посматра повнимателно и почесто во дадениот теримин. Обично телењата се без проблеми, но понекогаш, а посебно кај млечните типови на говеда , може да дојде до потешкотии при пороѓајот што се објаснува со нивниот посебен тип на градба. Една млечна крава највероватно ќе изгуби едно теле за целио свој живот. Овие телиња можат да се спасат со :
- Почесто набљудување на породилката пред и за време на телење.
- Обезбедување на навремена помош, доколку има потреба.
- Барање на ветеринарна помош ако сточарот не можи сам.
Најдобро е породилките да бидат преместени на одделно место каде што нема да бидат вознемирувани од другите говеда и каде што ќе може почесто да се надгледува и да се обезбеди навремена помош. Местото треба да биди чисто, светло и со сува и дебела простирка за да можи породилката комотно да легни .
Кога се очекуваат проблеми при пороаѓај:
Следните фактори ги зголемуваат шансите за потешкотии при пороѓајот:
- Големи млечни раси, имаат поголеми шанси на потешкотии одколку малите локални крави.
- Млади и мали јунички кои биле парени без да се дочека расплодна здрелост (350кг.)
- Постарите крави бараат помалку вниманиее, оние кои имале барем едно телење имаат помалку проблеми.
- Кравите што се чувани врзани почесто имаат потешкотии бидејки нивните мускули се помалку активни во спопредба на оние кои се движат на пасење.
Знаци на близок пороѓај:
- Стомакот е многу зголемен (често пати оваа не е доволен знак за стелност).
- Вимето се зголемува и се исполнува со млеко 2 недели пред телењето, боските стануваат мазни, цврсти и поголеми.
- Вимето кај јуници почнува да се развива кај петиот месец на бременост.
- Мрдање на плодот можи да се забележи после шестиот месец.
- Кравите кои биле повознемирени стануваат посмирени.
- Вулвата е потечена и излегува слуз.
- Кравата е неуморна често станува и легнува.
- Подигањето на опашката е често.
За време на телење:
Повеќето породувања се одвиваат нормалоно без проблеми , затоа подобро е породилката да се остави сама и да не се вознемирува, но да се држи “на око” од дистанца.
Ако има знаци на почнување на породување и поминале 4 часа без напредок треба да се направи преглед. Контракциите кај секоја породилка ќе престанат после неколку часа и во тој случај пороѓајот не може да се изведе без додатна надворешна сила со влечење.
Главни знаци за можни проблеми при телење се:
- Пороѓајот почнал а породилката покажува неуморност со станување легнување вртење наоколу..
- Половина час и повеќе без напредок во излегување на плодот.
- Мала јуница и појава на теле со 2 големи нозе кои не се извадени после 2ч. напнување.
- Две предни нозе а глава не се гледа.
- Глава и една или двете нозе задржани, свиткани.
Помагање при нормален пороѓај:
Се помага само кога двете предни нозе и главата се појавени, или се подизлезени двете задни нозе. При секоја друга комбинација треба да се повика ветеринар.
За помагање треба да се има:
- Кофа со топла и чиста вода.
- Дезинфекционо средство или сапун.
- Породилни јажиња.
Можи да се помага кај крави кои лежат или кои се станати. Полесно се помага кај крави кои се станати.
Постапка:
- Надворешниот дел се мие со вода и сапун.
- Се ставаат породилните јажиња на секоја нога позади вториот зглоб.
- При влечење доволна е снага од 3 средно јаки луѓе.
- Се влечи паралелно со напнувањата на мајката.
- Се влечи со неизменичен распоред на силите за да се обезбеди косина на плодот.
- Се штити вулвата со навлекување на кожата преку главата.
Постапки со младото:
- Папочната врвца доколку не е скината се прекинува за отприлика една педа од папукот (не да се пресекува со остри предмети).
- Слузта што се наоѓа во носот и устата да се избриши.
- Телето се бриши со сува крпа или мека слама.
- Напивање со колострално млеко во првите 3 часа.
5. Да се обезбеди напивање со млеко во наредните 10 дена.
ИЛИЈА ПЕТРОВСКИ – Ветеринарен доктор, наставник по предмети од областа на ветеринарството во СОЗУ Кузман Шапкарев – Битола.