Полжавите во градината за многу кратко време, тие можат да нанесат неверојатна штета: јадат млади садници, новоникнати растенија, зелена салата, млад босилек, миродија…
Искусните градинари се сетиле што е тоа што може засекогаш да ги одврати полжавите од градината.
- Пченкарно брашно
Полжавите неверојатно ги привлекува ова брашно, кое е фатално за нив. Навечер во градината ставете тегла пченкарно брашно, и наутро околу неа ќе најдете куп мртви полжави. Правете го ова секоја вечер додека целосно не ги уништите овие штетници.
- Пиво
Исто така, полжавите не го поднесуваат пивото, ама им се допаѓа. Истурете го пивото во плиток сад и оставете го во дворот. Наутро во него ќе најдете „удавени“ полжави кои ги привлекува пивото како што медот ги привлекува пчелите.
- Лушпи од јајца и талог од кафе
Лушпата од јајцето ги сече полжавите и тие не можат да поминат преку нивните остри рабови, додека талогот од кафето ги одбива полжавите со самиот мирис. Затоа, направете бариера од лушпи од јајца и талог од кафе околу вашата градина.
- Песок
Песокот околу градината ќе ја создаде истата бариера како и лушпите од јајцата. Полжавите нема да го преминат, а вашите растенија ќе бидат безбедни.
- Амонијак
Измешајте 1 дел амонијак и 6 делови вода. Испрскајте го ова насекаде низ градината и полжавите нема ни да се приближат до вашата зеленчукова градина.
- Ќеси за ѓубре
Наредете вреќи за ѓубре во дворот и ставете малку вода во нив. Привлечени од влагата, полжавите ќе влезат во вреќата и ќе ве чекаат внатре до утрото. Вие одлучете што ќе правите со нив.
- Природни предатори
Ежовите, жабите и кокошките ги уништуваат полжавите. Ако ги имате овие животни во градината, полжавите нема да се доближат до неа.
- Бакар
Ако ништо од горенаведеното не помага, ставете бакарна цевка околу марулата или местото каде имате садници и чувствителни билки. Ова е дефинитивно најскапиот метод, но функционира. Полжавите нема да ја преминат бакарната жица. Бакарот има природна реакција на слузта од полжавите, која ги „шокира“ овие штетници како низ нив да поминала струја.
Единствениот проблем е што полжавите кои се веќе во градината нема да можат да излезат надвор, па градинарите предлагаат во бакарната жица да ставите стапици направени од пченкарно брашно или пиво.
