Земјоделците ширум светот се соочуваат со предизвици при користењето на пестицидите, па затоа идејата со која роботот би послужил како алтернатива, ги заинтригира учесниците на вебинарот посветен на таа тема.
„Механичкото уништување на корените нуди решенија на повеќе начини. Хербицидите денес или не делуваат добро или поради социјалниот притисок, некои од нив како што беше со глифосфатот, се забрануваат. Затоа мислам дека е вистинско време да започнеме да употребуваме алтернативи кои ни се нудат, а најдобро до сега се претставени роботите“, изјавил Клаус Ердл во воведниот говор на вебинарот Feldtage Digital robot, организиран од страна на Германското земјоделско друштво (DLG).
Будејќи земјоделците ширум светот се соочуваат со предизвици при кроистењето на пестицидите, идејата со која роботот би послужил како алтернатива, ги заинтересира учесниците во овој онлајн семинар.
Данските роботи се веќе тестирани во неколку европски фарми
Дизајнирани за полиња со површина и до 20 хектари, со можност за жетва, но и за уништување на коровите, роботите на данската компанија FarmDroid веќе се тестирани во неколку фарми низ Европа, а оваа пролет беа уништени коровите на околу 1.000 хектари земја. Користејќи високо прецизни гео – координати, роботите се напојуваат со слоарна енергија, а имаат и резервна батерија.
– „Бидејќи се плашеше од пандемијата и стравуваше дека можеби нема да може да оди на поле, еден купувач нарача уште еден робот за да може работата да ја заврши што побрзо. Вели дека е многу задоволен со новиот уништувач“, раскажува извршниот директор на FarmDroid-a, Рене Јаник Јоргенсен.
Оваа автономна машина е тешка околу 700 килограми, а широка околу 3 метри. Работи, многу темелно и прецизно, а работата ја извршува по пат на врска со RTK станица, потенцираат од компанијата.
Сеуште постојат правни и технички прпреки
Арно Руцкелхаусен, професор на Техничкито факултет во Германија, во своите долгогодишни истражувања забележал дека сеуште постојат правни и технички препреки кои е потребно да се надминат за да може теренскиот робот во целост да ги замени хербицидите.
Со своето 30-годишно искуство во механизацијата, германската компанија K.U.L.T покажала дека е можно самостојно движење на роботот но моментално поради законските ограничувања земјоделецот и понатаму мора да го надгледува.
– „Фармерите мораат да бидат покрај роботот и да надгледуваат што тој работи за да можат на време да реагираат ако дојде до некоја грешка и да го сопрат“, објаснил на вебинарот претседателот на Управата, Кристиан Кирчоф.
Со тоа се согласил и стручњакот за земјоделство од Баварскиот истражувачки центар, Др. Бит Винзент.
-„Сето ова помалку наликува на она сценарио кога млекарите за прв пат користеле автоматски молзници. Им требаше време да се прилагодат на фактот дека не мораат се да работат рачно, туку да научат да ракуваат и со машините. Каков ќе биде успехот на овој изум, зависи од гаранацијата на роботот, како и за тоа дали фармерот ќе сака да го купи“, појаснува Винзент.
Враќање на инвестицијата во рок од две години
Учесниците на вебинарот поставија голем број прашања, а највпечатливи беа оние поврзани за финансиските вложувања како на пример, колку мораат да вложат, за колку време се враќа вложеното, како и колкави се трошоците на одржување.
-„ На површина од 7 хектари па и повеќе, се остваруваат извонредни деловни резултати, а секако се зависи од посевите. Враќање на вложените сретства во типични ситуации каде земјоделецот одгледува шеќерна репка или трска е помалку од две години. Имавме и креативни фармери кои роботите ги користеа за разни посеви и лековити билки и тоа исто така се покажа како успешно. Роботот FarmDroid може лесно да се транспортира на друго поле со помош на трактор за да се оствари уште подобар деловен успех“, порача Јоргенсен.
Цените на роботот, како што наведуваат од компанијата K.U.L.T., се движат од 25.000 евра за оние помалите па се до 125.000 евра, додека FarmDroid своите ги продава за околу 65.000 евра.
Во иднина машините ќе работат во тимови?
– „Роботите со текот на времето ќе научат како точно да го разликуваат коровот од посевот. Тоа се постигнува со анализа на илјадници фотографии на снимени полски роботи. Исто така, ќе може да се споредат претходните искуства што ќе резултираат со паметни машини“, коментираше професор Руцкелхаусен.
Останатите идни трендови вклучуваат проверка на квалитетот на земјиштето и на растенијата.
– „Ќе можат да мерат влажност на земјиштето, ќе треба да се проверува дали на растението му треба вода, а ќе може да испратат сигнал и на останатите роботи кои ќе реагираат и ќе ја осигураат потребната влага. Ваквиот начин на работа се нарекува роење, а полето би било опремено со неколку автономни машини кои би работеле како тим“, додава Руцкелхаусен.
Извор: Агроклуб