Длабочината на орање зависи од културата, но и од почвата
На потешки почви се препорачува на крајот на септември, а на други до ноември. Длабочината на есенското орање се движи од 25 – 40 см, што зависи од културата и карактеристиките на почвата.
Според земјоделците, доколку есенското орање се врши навремено, односно во оптимален временски период, тоа носи низа предности:
– соодветна подготовка на почвата за сеидба
– создавање поволна структура на почвата
– акумулација на влага
– полесно продирање на кореновиот систем низ почвата
– активирање на почвени корисни микроорганизми
– уништување на плевелите
– контрола на болести и штетници
– внесување на растителни остатоци во почвата
– воведување на ѓубрива
Исто така, земјоделците потенцираат на тоа , колку е важно длабокото, есенско орање да се прави навреме, бидејќи во спротивно може да настанат сериозни проблеми како што се:
– намалување на влагата што е неопходна за растенијата
– се намалува приносот
– недоволен развој на растенијата
– намалена активација на микроорганизми
– несоодветна подготовка на почвата за сеидба
Прво орање на остатоци од растенија, а потоа ѓубрење
Земјоделците посебно внимание посветуваат и на примената на вештачките ѓубрива, што, според нив, треба да се направи веднаш по есенското орање.
Ѓубривото е исклучително важно како прво и основно ѓубриво за сите култури, без разлика дали се работи за полјоделски, градинарски или овошни култури. Исто така покрај основните ѓубрива не треба да се заборави и употребата на минерални, кои претставуваат значајна храна за посевите и се внесуваат во зоната на кореновиот систем за да им бидат веднаш достапни на растенијата напролет.
Азотните ѓубрива најдобро се нанесуваат во пролет
Посебно внимание треба да се посвети при користење на калиумови и фосфорни ѓубрива, бидејќи фосфорот е слабо подвижен во почвата, па затоа е неопходно овие ѓубрива да се внесат токму во зоната на кореновиот систем на растенијата. Општа препорака е 1/3 – 1/2 фосфорни и калиумови ѓубрива да се нанесуваат наесен, а остатокот во пролет. Азотните ѓубрива најдобро се нанесуваат напролет поради изразено истекување на азот. Овие количини на ѓубрива им донесоа многу добри резултати на земјоделските производители и им обезбедија високи приноси.
Ваквото обработување во есен е задолжително, па затоа треба да се нагласи дека пролетното орање може да се прескокне, но есенското орање не може – ќе се согласат сите земјоделци.
