Антибиотските ефекти на лукот се познати уште од античко време, а покрај него, постојат и некои други природни антибиотици кои помагаат при разни болести како настинка, грип, забоболки и разни респираторни инфекции.
Овие „природни антибиотици“ имаат позитивен ефект врз имунитетот, зајакнувајќи го одбранбениот механизам на телото.
Покрај лукот, ова се најмоќните природни антибиотици, кои треба да ги имате во домашната аптека.
Мед
Познато е дека медот има антимикробни својства. Исто така, одличен е за лекување на воспаленија на дишните патишта, но и за превивање на рани. Медот содржи органски киселини, минерали во трагови, антимикробни соединенија, витамини Ц, А и бета-каротин, како и сите минерали од Б-комплексот.
Покрај тоа, медот содржи висока концентрација на водород пероксид и мравја киселина, кои имаат антибактериски својства.
Жалфија и мајчина душичка
Овие две билки имаат силни антисептички дејства и најчесто се користат за болки во грлото, вклучително и бактериска ангина. Исто така, може да се земаат орално за воспаление на горниот и долниот респираторен тракт, а за воспаление на кожата се применуваат надворешно.

Жалфијата се препорачува како течност за плакнење на воспалените непца, а помага поттикнува искашлувањето при продуктивна кашлица и ја смирува сувата кашлица.
Чајно дрво
Етеричното масло од ова растение има и антибактериско дејство. Помага при атлетско стапало, габични инфекции на ноктите, херпес, сите воспаленија на кожата, вклучувајќи акни, рани и изгореници, како и во третманот на тврди и болни чирови. Исто така, есенцијалното масло од чајно дрво е одлично за отстранување на првут.
Меѓутоа, за разлика од другите природни антибиотици, чајното дрво никогаш не треба да се зема орално, бидејќи може да предизвика сериозни несакани ефекти, а кога се нанесува на кожата, треба да се разреди затоа што може да предизвика алергиска реакција, бидејќи е многу силно.
