Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Појаснување на најновата мерка за продолжување на ловот на дива свиња, еве што треба да знаат концесионерите на ловиштата и ловџиите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Појаснување на најновата мерка за продолжување на ловот на дива свиња, еве што треба да знаат концесионерите на ловиштата и ловџиите
АгровестиШумарство и водостопанство

Појаснување на најновата мерка за продолжување на ловот на дива свиња, еве што треба да знаат концесионерите на ловиштата и ловџиите

Објавено 05/02/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчерашната вест за продолжување на ловот на дивата свиња до 31.03 2022 година од страна на АХВ, наиде на силни негативни реакции од страна на ловџиите кои реагираа дека мерката е лоша и не смее да се спроведе.

„Над 90 отсто од свињите носат малечки. Што ќе ловиме наредната сезона? Подобро е да се пушти лов таму каде што африканската чума е застапена, а не на цела територија. Покрај дивата свиња, ќе страда и друг дивеч“, реагираат тие.

Но официјална информација говори дека продолжувањето на перидот на ловење на дивата свиња е согласно заклучокот на Влада и мерките преземени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување и ширење на болеста африканска чума кај свињите, а врз основа на Законот за ловство.

Периодот за ловење на дивата свиња се продолжува до 31.03.2022 година под посебни услови, и во дозволените региони.

Отстрелот на примероци на дивата свиња ќе може да се реализира и во периодот до 31ви март но само под посебни услови кои се дадени како услови во Решението, донесено согласно на законот. Според пропишаните посебни услови, забрането е застрелување на спрасни диви свињи и тие во поодминат стадиум на спрасност и на женски грла кои водат мали прасиња. Ловот мора да биде контролиран и да се одвива во големи групи, но никако под 10 учесници. Задолжително присуство на ловочуварот во групата која изведува лов. Уловениот дивеч од сите уцесници да се донесува само на едно, однапред определено место и на определеното место каде дивечот ќе се донесува, ветеринарниот инспектор или доктор по ветеринарна медицина да земе примероци за анализа од секоја застрелана единка.

За непочитувањето на наведените услови кои се предвидени во Решението, Министерството ќе ги преземе сите мерки предвидени со Закон.

Состојбата со оваа болест внимателно се следи од страна на МЗШВ и АХВ, и се преземаат сите потребни мерки за навремено спречување и санирање на оваа зараза.

За потсетување, болеста Африканска свинска чума е сериозна и може да го уништи домашното производство на свинско месо.

Африканската чума кај свињите претставува сериозна закана за свињарството. Болеста не претставува закана само на обезбедувањето на храна и предизвик за индустријата за производство на свињско месо и другите чинители во синџирот на снабдување, туку и на меѓународната трговија како резултат на мерките на забрана
кои се воведуваат.

Дивите свињи и Европската дива свиња (Sus scrofa ferus) се еднакво приемчиви на Африканска свинска чума. Иако африканските диви свињи не покажуваат клинички знаци на инфекција, тие, заедно со меките крлежи Ornithodoros, претставуваат природен резервоар на вирусот, додека домашните свињи се случаен домаќин.

Кај домашните свињи, Африканска свинска чума се пренесува преку директен контакт, преку ороназален пат, преку исцедок од заразени свињи или со јадење на свинско месо или други производи контаминирани со вирус (на пример: помии, отпад или трупови и т.н.).

Друг начин на пренесување на вирусот е индиректно преку предмети или со вектори со каснување од инфициран Ornithodoros мек крлеж, во подрачјата каде истите се присутни.

Болеста не претставува зооноза, односно таа не може да се пренесе на луѓето.

Секоја земја во која е развиено свињарството е изложена на ризик од Африканска свинска чума. Свињите кои се одгледуваат за домашна употреба, заради ниските биосигурносни мерки се посебно изложени на ризик. Бидејќи досега нема ефикасна вакцина на пазарот, најдобра стратегија против болеста за земји/зони кои сe уште се слободни од болеста е да се спречи навлегувањето на болеста преку примена на засилени контроли на границата, соодветни кампањи за подигање на јавната свест и засилени биосигурносни мерки. Превентивните мерки со кои се ограничува движењето на диви свињи се тешки за спроведување, заради што раното откривање на болеста е најдобра опција.

За земјите кои се инфицирани, мерките како што се подигање на јавната свест и засилени биосигурносни мерки
се исто така корисни, во комбинација со брза реакција на потврдените жаришта со мерки за забрана на движење и убивање на приемчивите животни. Заради реалната заканата на оваа болест кон глобалното земјоделско производство и трговската размена, Африканска свинска чума задолжително се пријавува до Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE).

Како дел од превенција од африканска свинска чума, последната дива свиња во Данска неодамна беше застрелана во дивината, поточно во Јужен Јутланд, каде што живееше последниве месеци, пишува Аgrarheute.

Ловците и претходно се обиделе да ја застрелаат, но обидите да ја фатат биле неуспешни.

Локалната Национална управа за заштита на природата тврди дека во Данска веќе нема диви свињи, а долгорочниот мониторинг не го потврдил појавувањето на нови единки.

Уште во 2018 година, нивната популација во таа земја се проценуваше на само 100 животни, и секогаш била помала во споредба со соседна Германија. Во 2019 година, Данците подигнаа огради високи 1,50 метри и долги околу 70 километри на границата со Германија, со што сакаа да го заштитат производството на свињи од оваа болест.

Во Европа, популацијата на дива свиња постојано расте во последните 30 години, а сѐ поголемиот број резултираше со голем број економски, еколошки и социјални проблеми, се вели во извештајот „Wild Boar populations in Europe“.

Поради нивното интензивно размножување, скриениот начин на живот, ноќните активности, миграцијата на поголеми далечини и однесувањето при хранењето, во споредба со дивите копитари, дивата свиња е проблематичен вид за точна проценка на популацијата.

Во студијата се наведува дека проценката дури и не постои поради различните закони за лов во одделни држави, но исто така и поради ловокрадството.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Диви свињиземјоделциловџиимеркимзшв
Претходен напис Протест на грчките земјоделци на автопатот Солун-Атина
Следен напис Договорно производство на корнишони – „Дена Продукт Валандово оранжерии Богданци“: Ве известуваме дека има промена на цените со покачување!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?