Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подигање на насад со планински чај – од идеја до реализација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Подигање на насад со планински чај – од идеја до реализација
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Подигање на насад со планински чај – од идеја до реализација

Објавено 24/10/2020
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не верувам дека постои човек на овие наши простори кој не пробал вкусен и миризлив планински чај. Чајот не само што е вкусен и ароматичен, исто така е познат по своите антибактериски и аналгетски квалитети, а исто така е ефикасен против зголемена телесна температура.

Планинскиот чај припаѓа на семејството Lamiaceae и родот Sideritis. Познат бил уште од стари времиња, и за него пишувале Теофраст (372-287 п.н.е.) и Диоскорид (1 век н.е.). 

Неговото научно име доаѓа од грчкиот збор за железо, sidеros, што растението го добилo поради неговата способност да лекува рани нанесени со железни предмети. Според друго толкување, називот го добил поради фактот што растението претставува природен извор на железо, бидејќи напитокот од ова растение е богат со железо. Третото толкување вели дека називот е даден според обликот на цветната чашка која што наликува на врв од копје.

Планинскиот чај е повеќегодишно растение, густо или делумно обраснато со бели жлездести влакненца по целата билка. 
Подножјето на стеблото е дрвенесто, од кое излегуваат цветни изданоци кои се исправени. Подножните листови се зелени или зелено-жолтеникави, зашилени и истенчени, додека пак оние на средниот и горниот предел на стеблото се кожести и тркалезни.

Видовите планински чај (Sideritis) се автохтони за средоземноморските земји во која спаѓа и нашата. Поради фактот што во последните години се зголеми потрошувачката на производите добиени од планински чај, доаѓа до сѐ поголема побарувачка, како во однос на квантитетот, така и во однос на квалитетот.

Ова е причината поради која одгледувањето на планинскиот чај бележи нагорен тренд во поглед на површините под кои се одгледува.

Одгледување на планински чај

Планинскиот чај природно расте на надморска височина поголема од 1000 м, во планински и субпланински поднебја. Иако е толерантен на студено време, планинскиот чај е чувствителен на високи температури и суша.

Претпочита варовничка и каменлива почва, а хранливите материи може да ги искористи дури и од посиромашните полиња. Кога се подигнуваат насади со планински чај, со цел да се одржи квалитетот, а со тоа и цената, на одгледуваните растенија мора да им се обезбедат истите или слични услови какви што имаат дивите популации.

Подготовка на почвата

Главната цел на подготвување на почвата кај културите што се пресадуваат е контролата на плевелите. Површинскиот слој од почвата не мора нужно да биде иситнет. Доколку полето е силно зафатено со штетни повеќегодишни плевели, се препорачува длабоко орање во лето пред да се подигне насадот.

На овој начин, подземните органи за размножување на плевелите (ризомите, луковиците) се исфрлаат на површина и се сушат на летната жега.

Садењето се врши или во есен (септември-ноември) или во рана пролет (февруари-март). Повеќе е препорачливо есенското садење, после првите дождови, бидејќи на тој начин се поттикнува зафаќање на насадот.

Изборот на најсоодветното растојание меѓу растенијата во голема мера зависи од локалните услови (плодноста на почвата, климатските услови, плевелите) и се движи меѓу 50-60 х 40-50 цм.

Садењето може да се врши рачно или со помош на механизација за пресадување за големи површини (т.е. расадосадачки за тутун или за домат).Веднаш после пресадувањето растенијата треба да се навадат.

Наводнување на планинскиот чај

Планинскиот чај се одгледува како култура којашто не се наводнува. Во случај на голема суша, растението треба да се наводнува колку што е доволно да преживее. Во спротивно, вишокот од водата може да го влоши квалитетот, а со тоа и да му ја намали цената на производот.

До ова доаѓа поради намалување на миризливоста на соцветието, што се должи на намалената концентрација на ароматичните соединенија.

Ѓубрење на планинскиот чај

Вредноста на pH на почвата оптимално треба да се движи помеѓу 6 и 8. Не постојат доволно информации за ѓубрење на планинскиот чај. Општо земено, планинскиот чај нема некои поголеми барања во однос на хранливите материи, и може сосема добро да плодоноси дури и во посиромашна почва.

Сепак, доколку се забележи слабо вегетирање, мора да се додадат 3-4 единици азот и 4-5 единици фосфор во доцната есен. Со азотот мора да бидеме особено внимателни, бидејќи во прекумерни количини доведува до поголемо развивање на вегетацијата за сметка на соцветијата, што пак доведува до помало количество на приносот.

Размножување на планинскиот чај 

Растението може бесполово да се размножува по пат на резници и секундарни изданоци. Резниците може да се стават во супстрат направен од тресет и перлит.

Ожилувањето може да се поттикне со потопување на резниците во раствор од индолилбутерна киселина при 1000 ппм. Процесот на ожилување вообичаено трае 15-20 дена.

Секундарни изданоци со корења може да се откинат од матичното растение кога тоа ќе биде постаро од една година. Ова може да се изведе со внимателно ископување околу избраното растение.
Така добиениот материјал потоа може успешно да се пресади на поле.

Во рамките проектот финансиран од PONT – Prespa Ohrid Nature Trust и имплементиран од CNVP Foundation во соработка со Рурални Жени Од Преспа, се прават првите обиди за одгледување на планински чај и тоа на три локации: Првата парцелата се наѓа во близина на село Крани,во подножјето на Националниот Парк Пелистер, втората парцела е во село Царев Двор и третата парцела е во село Стење.

Може да ви се допадне

Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Таг:лековити ратенијапланински чајподигање насад
Претходен напис Новата српска влада со три нови министерства – ресори за селото, човековите права и семејството
Следен напис Убаво е да се видат млади жени кои ја обезбедуваат својата егзистенција и се грижат да ја зачуваат природата!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?