Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нега на чапунките кај молзните крави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нега на чапунките кај молзните крави
АгровестиСовети

Нега на чапунките кај молзните крави

Објавено 01/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здравјето на чапунките е еден од клучните фактори за успешна продукција на млеко и благосостојба на кравите. Секоја појава на болка го намалува внесот на храна, продуктивноста и репродуктивните резултати, а воедно ги зголемува трошоците за лекување и одржување на стадото.

Кравите повеќе од половина од денот го поминуваат стоејќи или во движење. Поради големата телесна тежина, папците се под постојан притисок и претставуваат најоптоварен дел од екстремитетите. За правилно функционирање, тежината на животното треба рамномерно да биде распределена на чапунките, со што се обезбедува стабилност и нормално движење.

Чапунките постојано растат и се трошат

Кај кравите, чапунките континуирано растат, но истовремено и се трошат. Во природни услови постои рамнотежа помеѓу растот и трошењето, но кај современите фарми, особено во системи со ограничено движење, оваа рамнотежа често е нарушена.

Како последица на тоа доаѓа до прераснување, деформација и неправилно оптоварување на чапунките. Кравите потешко стануваат, неволно се движат и поминуваат помалку време на хранилките и поилките, што директно влијае врз производството на млеко.

Клучни мерки за одржување на здрави чапунки

За намалување на ризикот од заболувања и појава на болки потребно е:

  • Да се обезбеди чиста и сува средина за престој на животните.
  • Редовно да се отстрануваат изметот и влагата од шталите.
  • Да се обезбеди квалитетна и избалансирана исхрана со доволно кабаста храна.
  • Да се избегнуваат нагли промени во оброците.
  • Да се врши редовно корективно поткастрување на чапунките најмалку двапати годишно.
  • Да се применуваат дезинфекциски бањи за папците според препораките на ветеринарните служби.
  • Да се обезбеди доволно простор за движење и одмор на животните.
  • При селекција на приплоден материјал да се обрне внимание на генетските карактеристики поврзани со здравјето на нозете и чапунките.

Најчести заболувања на чапунките кај говедата

Проблемите со чапунките претставуваат една од најчестите причини за појава на болка кај млечните крави. Најчесто се среќаваат:

  • Интердигитален дерматитис
  • Дигитален дерматитис
  • Ламинитис
  • Интердигитален флегмон
  • Надолжно пукање на чапунките

Раното откривање на овие заболувања е од големо значење за успешно лекување и спречување на поголеми економски загуби на фармата.

Наш совет

Редовната контрола на чапунките треба да биде составен дел од здравствената заштита на секоја фарма. Одгледувачите треба внимателно да ги следат животните и веднаш да реагираат доколку забележат потешко движење, нерамномерно газење, отечени чапунки или намалена активност.

Навременото поткастрување, добрата хигиена во шталите и правилната исхрана се најисплатливите мерки за превенција. Инвестирањето во здрави чапунки значи помалку здравствени проблеми, поголема млечност, подобра репродукција и подолг производен век на кравите.

Извор: sovetodavna.mk

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:молзните кравинега
Претходен напис Утре во Виница ќе се спроведе прскање против комарци од земја
Следен напис Анализи на примероци од Дојранското езеро покажале дека водата може да се користи за капење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?