Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поддршката за мерката „РУРАЛНА ЖЕНА“ од наредната година, ќе изнесува 6000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Поддршката за мерката „РУРАЛНА ЖЕНА“ од наредната година, ќе изнесува 6000 евра
Агровест

Поддршката за мерката „РУРАЛНА ЖЕНА“ од наредната година, ќе изнесува 6000 евра

Објавено 06/12/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2022 година, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, ќе располага со 6.14 милијарди денари од кои околу 5,6 милијарди денари се наменети за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или подетално околу 4,5 милијарди денари се наменети за редовна исплата на субвенциите и 1,15 милијарди денари за капиталните инвестиции во руралниот развој.

Овие средства ќе овозможат континуирано реализирање на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој, програма во која се инкорпорирани и популарните мерки како што се „Млад земјоделец“ и „Рурална жена“.

Новина за оваа година е креирана кај мерката популарно наречена „Рурална жена“, каде износот на поддршката за жените носители на земјоделски стопнатсва е дуплиран и од оваа година, поддршката се зголемува од 180.000 денари на 360.000 денари.

„Интересот за оваа мерка кај жените земјоделки е голем. Имаме многу позитивен инпут и затоа буџетот за финансиската поддршка на земјделкото производство и преработка на земјоделски производи за жени носители на земјоделски стопанства, одлучивме да го дуплираме и со тоа дополнително да ги мотивираме жените во агросекторот“-изјави заменик министерот Димковски во својата презентација на Буџетот за агросекторот за 2022 година.

Секоја трета жена во светот работи во земјоделскиот сектор, а руралните жени играат важна улога во земјоделското производство, безбедноста на храната и исхраната, управувањето со земјиштето и природните ресурси и грижата за домаќинствата.

Мирјана Митровска од село Добрушево, Општина Могила, е пример за успешна рурална жена. Четириесетгодишната Мирјана е сопруга, мајка на три деца и корисничка на средствата од мерката 115 „Активен женски член на земјоделско домаќинство“. Годинава е и добитничка на признанието за најуспешна рурална жена за 2021 година од Земјоделското здружение „Современо земјоделство“.

Сакајќи да дознаеме нешто повеќе за тоа колкав е интересот кај жените во руралните средини за искористувaње на средствата од мерката 115 „Активен женски член на земјоделско домаќинство“ Агротим беше во домот на четириесет годишната Мирјана Митровска од село Добрушево, Општина Могила. Насмеана и расположена, со неизбежното кафе за добредојде, не пречека Мирјана. Секако тука е и нејзиниот сопруг Никола кој гордо ни ја покажа куќата и дел од имотот што го наследил од својот татко и дедо.

Соработката на ова семејство со  Агенцијата поттикнување на земјоделството и руралниот развој е навистина на завидно ниво. Така и за повикот „Рурална жена“ дознале токму од вработените во оваа агенција, поточно од советникот Андреа Соколовски кој им ги кажал предностите на мерката, намената и условите.

Веднаш препознале шанса токму за Мирјана бидејќи таа е е носител на нивното земјоделско стопанство ИЗ ЈУРУК –НМ Мирјана Митровска, кое го основале со помош на кредит за самовработување од Агенцијата за вработување.

Ова семејство веќе 20 години се занимава со земјоделство. Мирјана по потекло е од Крушево и на 20 години се омажила за Никола и дошла да живее во село Добрушево. Никогаш дотогаш не се занимавала со земјоделство. Но со Никола решиле да продолжат да ги обработуваат нивите како што тоа го правеле родителите на Никола.

Покрај тоа што научила речиси сѐ за земјоделското производство, таа уредно се грижи и за целокупната документација, давачки, даноци и сл. Денес имаат 8 хектари обработливо земјиште на кое одгледуваат тутун, пченица, јачмен, пченка, пиперки и други градинарски култури.

За мерката „Рурална жена“ аплицирале за да можат да ја зголемат вредноста на своите градинарски производи, односно да можат да ги преработуваат и да ги складираат па да ги продаваат со подобра цена. Нивните планови се да го прошират своето земјоделско стопанство. Велат дека прават вкусен ајвар. Сакаат да започнат да прават уште поголеми количини па и да го продааат. Да го пакуваат во стаклени тегли, со сопствени етикети на нив, и да го понудат на пазарот.

Мирјана и Никола имаат три деца, Андреј (14), Стефан(16) и Ангела (20). Тие се нивните главни помошници во извршувањето на земјоделските работи. Секако се надеваат дека еден ден ќе продолжат да го развиваат овој  семеен бизнис.

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Од полноќ се намалуваат цените на горивата
Следен напис Артан Груби: ДУИ го добива Министерството за земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?