Првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, денеска извести дека во распределбата на министерките места во новата постава на Владата, ДУИ ќе го добие министерското место за земјоделство, откако го отстапи Министерството за информатичко општествпо и администрација.
Вели дека ДУИ се задоволни од распределбата на министерските места.
„При тие услови на преговарање меѓу постоечките коалициони партнери и новите коалициони партнери што ќе дојдат, сите секако дека отстапуваат места што ги имале дотогаш. Ние всушност во Владата отстапивме од Министерството за информатичко општество, а го добивме ресорот земјоделие, кој е многу голем, каде што имаме многу и значајни проекти што ги имаме во нашата програма, и за кои проекти ни е многу значајно да ги имплементираме“, изјави денеска за медиумите Артан Груби.
