Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поддршка за одржлив и климатски отпорен развој во руралните подрачја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Поддршка за одржлив и климатски отпорен развој во руралните подрачја
Рурален Развој

Поддршка за одржлив и климатски отпорен развој во руралните подрачја

Објавено 25/02/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како и во многу делови од светот, руралните заедници во Северна Македонија се напуштаат. Руралното население се иселува или во урбаните центри или во странство, во потрага по подинамичен квалитет на живот и подобри економски можности.

Често, руралните средини се карактеризираат со висока стапка на невработеност, ограничени можности за пристојна заработувачка и економски развој, застарена инфраструктура, недостаток на знаење и ресурси за одржливи земјоделски практики, како и ранливост на климатските промени.

Со цел адресирање на овие предизвици, во текот на изминатата деценија, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО, ја поддржува Владата на Северна Македонија во напорите да се обноват и заживеат руралните средини и да се обезбеди одржливо производство на храна. Преку Програмата за техничка соработка ФАО, меѓу другото, дава поддршка во креирањето политики, јакнење на институционалните капацитети, земјишните реформи, вклучително консолидација на земјоделското земјиште, подобрувања во системите за квалитет на храна, вредносните синџири, и системите за наводнување и одводнување.

Неодамна, се постигнаа значајни резултати во поддршката на неколку рурални заедници, со цел да се осигура дека тие можат да понудат атрактивни можности за живот и одржлив развој за помладите генерации. Со поддршка на ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, селата Оптичари, Жабени, Егри во општина Битола и Спанчево, Соколарци и Чешиново во општина Чешиново-Облешево активно учествуваа во проект за интегриран локален развој преку кој се адресираа клучни социјални, економски и еколошки предизвици на овие рурални заедници.

Врз основа на потребите идентификувани во секоја заедница, беа реализирани мали инвестиции за подобрување на руралното живеење, особено во однос на подобрување на образовната средина.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, интегриран рурален развој и зголемување на отпорноста на земјоделството е еден од основните национални приоритети и клучна област на соработка помеѓу ФАО и Владата на Република Северна Македонија. Според него, од особено значење е фактот што овие рурални инвестиции беа спроведени паралелно со тековните, поголеми интервенции на ФАО, МЗШВ и други партнери за поддршка на структурни земјишни реформи, како и на продуктивно, одржливо и климатски отпорно земјоделско производство.

„Важно е да се има интегриран пристап во локалниот развој на заедниците“, вели Мортен Хартвиген, офицер на ФАО за управување со земјиште. „Овој пристап помага не само при развојот на земјоделството и руралните средини преку поттикнување на продуктивноста и конкурентноста, туку исто така овозможува развојот да биде инклузивен и да води кон подобри услови за живот во руралните заедници – и за жените, и за мажите и за ранливите групи кои се во опасност да бидат изоставени“.

Преку друг проект за унапредување на климатската отпорност, ФАО помогна да се постават демонстративни локалитети за изучување и тестирање на иновативни климатски паметни технологии за земјоделско производство на три пилот локации: средното стручно училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, селото Миравци во општина Гевгелија и во Ресен.

ФАО обезбеди модерни пластеници со опрема за наводнување, системи за хидропоника и греење, опитни локалитети за демонстрација на надворешни системи за заштеда на вода преку подповршинско наводнување, како и системи за УВ заштита и заштита од град.

Планот е овие пилот-локалитети понатаму да се одржуваат од страна на училиштето и локалните земјоделски задруги, при што ќе имаат корист повеќе од 300 средношколци и млади фармери изучувајќи и практикувајќи технологии за климатски паметно земјоделство.

Исто така, со поддршка на земјоделската задруга „Петрушка Река“ и овоштарското здружение „Благој А. Котларски“, стотици активни земјоделци во Ресен и Миравци ќе имаат дирекна корист од изучување на практики како производство во пластеници, диверзификација и ротација на земјоделски култури, мрежи за УВ заштита и многу повеќе.

Според Вилијами Факава, офицер на ФАО за производство и заштита на растенија, усвојувањето и примената на технологиите за климатски паметно земјоделство ќе им помогне на земјоделците да постигнат значително подобрено растително производство и зголемена отпорност на климатските промени. Тој истакна дека „овие пилот акции имаат за цел да поттикнат поголеми иницијативи за справување со климатските промени и трансформирање на националниот земјоделско-прехранбен систем, преку зголемување на земјоделското производство на одржлив начин и во насока на исполнување на Целите за одржлив развој“.

Извор: inovativnost.mk

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели
Таг:faoрурален развојфао
Претходен напис Студено утро во поголем дел од државата, најстудено во Берово
Следен напис Граѓаните се позаинтересирани за приватно здравствено осигурување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?