Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце, базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце, базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток
Шумарство и водостопанство

Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце, базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток

Објавено 20/07/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Џулијан Васало денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за малиот систем за наводнување во селото Теарце. Николовски и Васало ќе бидат придружувани од градоначалникот Нухи Незири. Како што соопшти Канцеларијата во Скопје, ЕУ ја поддржува изградбата на три нови системи за наводнување од мал обем – во Теарце, Пишица и Конопница, со кои ќе бидат опфатени околу 500 хектари земјоделско земјиште во три општини (Теарце, Пробиштип и Крива Паланка).

Трите системи, во вредност од 2,5 милиони евра, вклучуваат структури за пренасочување на реките и изградба на мрежи за наводнување во должина од 33 километри и речиси 250 структури за поставување хидранти и водомери.

Системот Теарце е двоен и опфаќа пренасочна структура на реката Бистрица и мрежа за наводнување во земјоделската област на село Теарце. Системот за наводнување е базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток, со што придонесува за здрава почва, што дополнително овозможува здрава и достапна храна.

-Овој пристап „од нива на трпеза“ е во срцето на Европскиот зелен договор, со цел да ги направи прехранбените системи фер, здрави и еколошки, наведува Канцеларијата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:теарце
Претходен напис (ВИДЕО) Ангелов: Работиме во полн ек, пиперот добро напредува, очекуваме успешна реколта како и лани со Договорното производство на органска пиперка
Следен напис Времето денеска сончево и топло, од утре температури и над 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?