Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Ангелов: Работиме во полн ек, пиперот добро напредува, очекуваме успешна реколта како и лани со Договорното производство на органска пиперка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Ангелов: Работиме во полн ек, пиперот добро напредува, очекуваме успешна реколта како и лани со Договорното производство на органска пиперка
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Ангелов: Работиме во полн ек, пиперот добро напредува, очекуваме успешна реколта како и лани со Договорното производство на органска пиперка

Објавено 19/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Марјан и Фросина Ангелови од село Лозово, втора година по ред на еден хектар површина произведуваат органски пипер како дел од проектот Договорно производство на органска пиперка. За таа цел, во дворот на семејната куќа во Лозово, најнапред ги подготвија леите, следуваше сеидбата на семето и производството на расад.

Минатата година имале лошо искуство со неквалитетен расад, затоа годинава најголемиот дел од расадот го набавија од друг искусен земјоделец за производство на расад, за да бидат сигурни во производството и висината на родот.

Сепак, велат дека успешно го совладале и овој дел од производството на органски пипер. Расадот бил во одлична кондиција што се гледа и сега одлично напредува.

-Од годинешната реколта сме моментално задоволни, значи работиме во полн ек, пиперот напредува и е во добра фаза. Малку временските услови, тоа што се поголеми температурите пречат на цветот и на пиперката, но се справуваме и со тоа со повеќе вода и моментално е одличен, вели Марјан.

Искуството од лани ни користи многу. Лани бев нов, сега ми е втора година, знам веќе каде се проблемите, каде се маните и ги решивме предвреме, така што оваа година досега сме задоволни и немаме некаков проблем.

Со ова производство ќе продолжиме и во текот на наредните години ако биде како претходната година да бидеме задоволни со откупот, со цената, со плаќањето, со сите тие работи, исто со субвенционирањето да бидеме задоволни и ќе продолжиме да го работиме договорното производство се додека можеме – заклучува Марјан.

„Договорно производство на органска пиперка“ на Марјан и неговото семејство им покажа дека со помали вложувања, а повисока откупна цена и субвенции, повеќе се заработува.

Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Таг:земјоделциИпардмзшворганска пиперкасубвенции
Претходен напис Усвоен ребалансот на буџетот – За земјоделството дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции за стимулирање на приносите и продуктивноста
Следен напис Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце, базиран на гравитација со контролиран и измерен режим на проток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?