Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнаа да паѓаат поголеми одрони од карпи и камења на патот кон тетовско Бањиче
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнаа да паѓаат поголеми одрони од карпи и камења на патот кон тетовско Бањиче
Агровести

Почнаа да паѓаат поголеми одрони од карпи и камења на патот кон тетовско Бањиче

Објавено 23/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово.

Ноќеска паднале поголеми карпи и камења на почетниот дел од патот па таква состојбата претставува проблем за движење на возилата, кои сега треба да се поминуваат врз пешачката патека. Вакви одрони имаше и во февруари 2018 година кога не можеше да се помине со возило.

-Овој период, овие три месеци од годината, секојдневно се случува парчиња каллива земја и камења да паѓаат, а сега веќе и поголеми карпи. Ерозивните процеси и свлечишта на земја се случуваат веќе повеќе години – велат тетовци кои ја користат оваа делница од Тетово до Бањиче за рекреација-за пешачење, трчање и велосипедизам.

Околу месноста Бањиче каде што има извори со минерална вода постојат и неколку угосителски објекти, а од минатата година патот е продолжен и до селото Бродец.

Оваа делница се целосно се реконструираше окако во август 2015 година имаше невреме и поплава па целосно се оштетни патот. На делови од ридот се изградија потпорни ѕидови кои со текот на годините попуштија, а ерозијата е причина земјата да паѓа врз коловозната лента.

Од општината во неколку наврати досега велат дека на пријавите на граѓаните се реагира во согласност со можностите.

Експертите по геологија во неколку наврати досега за овој потег преку медиумите предупредиле дека проширувањето на патот е причината за одроните затоа што е создаден несоодветен наклон на косина на ридот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бањичеОдрон
Претходен напис (Видео) Студент по агроекономија произведува масло, путер и крем од лешници
Следен напис Повеќето реки низ Македонија со повисок водостој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?