Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна жетвата на пченката во Србија – „Родот е исклучително лош, предвидувавме дека ќе биде понизок за 80 проценти, а сега на терен гледаме дека е и 90 проценти помал од просекот“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна жетвата на пченката во Србија – „Родот е исклучително лош, предвидувавме дека ќе биде понизок за 80 проценти, а сега на терен гледаме дека е и 90 проценти помал од просекот“
Агровести

Почна жетвата на пченката во Србија – „Родот е исклучително лош, предвидувавме дека ќе биде понизок за 80 проценти, а сега на терен гледаме дека е и 90 проценти помал од просекот“

Објавено 27/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците во Србија почнаа со жетвата на пченката, а приносите на најдобрите ниви се максимум четири тони по хектар, а на некои полиња само неколку стотини килограми и се и до 90 отсто помали од просечните

„Родот е исклучително лош, предвидувавме дека ќе биде понизок за 80 проценти, а сега на терен гледаме дека е и 90 проценти помал од просекот. Се наоѓа еден кочан, па десет стебла немаат ништо“, изјави за Бета Драган Клеут, претседател на Сојузот на земјоделци од Банат.

Тој додал дека приносите на некои полиња се помали од еден тон, само 600 килограми по хектар. Просечните приноси во Србија кога климатските услови се релативно добри се од шест до осум тони, а максималните околу 15 тони.

Клеут рекол дека цената на пченката под 40 динари на Продуктната берза не е реална и дека килограм на пазарите се продава за 50 динари. Негова проценка е дека ниту една „астрономска“ цена нема да им помогне на производителите да ги покријат загубите од сеидбата при толку ниски приноси.

Според него, жетвата на пченката можела да почне и порано бидејќи растението и плодот биле „изгорени“ од високите температури во текот на летото, но сега дождовите ја зголемиле влажноста на зрното, а тоа би барало дополнителни трошоци за сушење, така што „од ништо би се добило уште поголемо ништо“.

Претседателот на Здружението на земјоделци од Стиг и Млава во општина Мало Црниќе, Драшко Живковиќ, рече дека жетвата на пченката во тој крај се уште не е започната масовно, но на нивата која е собрана и на која се променети сите агротехнички мерки, родот е четири тони што е за 30-40 отсто помалку од лани.

Тој додаде дека има и полоши случаи и дека земјоделски производител од Бачка Топола од еден хектар најквалитетно обработена нива собрал 1,7 тони.

„Тој производител сега продава земјоделска механизација за да може да ја врати ратата од кредитот, а се надеваше дека ќе ја врати со продажба на пченка“, вели Живковиќ.

Претседателот на Независното здружение на српски земјоделци, Јовица Јакшиќ, кој посеал 130 хектари со пченка, вели дека приносите се различни, од регион до регион, но дека имаат заедничко име дека се „катастрофални“. Има ниви каде што се применети сите агротехнички мерки и приносот е од 1,6 до 1,7 тони по хектар“, рече Јакшиќ.

Српските земјоделци, покрај неволите што ги следеа летово поради пеколно високите температури и сушата, сега ги следат и чести врнежи од дожд, поради што не можат да влезат на нивите со земјоделска механизација и да ја почнат или да ја довршат жетвата на пченката.

Извор: agronews.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченкасрбија
Претходен напис Во тек е повикот за поднесување барања за исплата на плати на одгледувачи на овци, кози и говеда
Следен напис Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во руралните средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?