Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во руралните средини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во руралните средини
Рурален Развој

Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во руралните средини

Објавено 27/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Берово обезбеди средства за подобрување на дел од локалната патна мрежа во селата Русиново и Смојмирово. Средствата со кои ќе се реконструира и пристапот на улицата ,,Борис Кидрич” во Берово, како што информираат, се обезбедени од Биро за регионален развој.

-Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, Владата на РСМ, на седницата одржана на 20 септември, донесе Одлуки за доделување на средства за финансирање на 3 проекти за Берово, за 2022 година и тоа реконструкција на две улици во село Русиново и село Смојмирово и тротоари на улица ,,Борис Кидрич” во Берово. Реконструкцијата ќе се реализира по повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на подрачјата со специфични развојни потреби, за чија реализација Општината доби вкупно 3 милиони денари за реконструкција на улиците во село Русиново и дополнителни средства за реконструкција на улица во село Смојмирово и тротоарите во градската средина, информираа од Општината.

Средствата до конечната понуда на економските оператори, како што дополнија ќе се дообезбедат од Буџетот на Општина Берово, при што се очекува јавните набавки да бидат распишани по потпишување на договор, а со градба да се започне веднаш по исполнување на сите законски процедури.
-По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на селата, средства ќе бидат издвоени и 2,3 милиони денари за реконструкција на улица во с. Смојмирово, на потегот од црквата до селските гробишта за што се одобрени 2,3 милиони денари. Во рамки на оваа активност 2,4 милиони денари се одобрени и за реконструкција на тротоари на улица ,,Борис Кидрич”, од раскрсница со улица ,,Вељко Влаховиќ”- ,,Јуриј Гагарин”, до раскрсница со ул.,,Гоце Делчев”, додадоа од Општина Берово.
Изразија благодарност до Бирото за регионален развој и Владата на РСМ, за реализацијата на вакви проекти, кои граѓаните постојано ги истакнуваат како прииритети, а се од витално значење за развојот на Берово.

Може да ви се допадне

Во Берово изутринава 8 степени, во Скопје 17
Во Берово утрово минус пет степени
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Таг:беровопатна инфраструктурарурален развој
Претходен напис Почна жетвата на пченката во Србија – „Родот е исклучително лош, предвидувавме дека ќе биде понизок за 80 проценти, а сега на терен гледаме дека е и 90 проценти помал од просекот“
Следен напис Јаневски: Над 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 430 милиони долари девизен прилив во 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?