Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во тек е повикот за поднесување барања за исплата на плати на одгледувачи на овци, кози и говеда


Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавуви Јавниот повик бр.11/2022 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики

Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, Мерка 213

-во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и

-во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина помала од 700 метри

Максимална вредност на прифатливи трошоци:

–до 360.000 денари по вработено лице за не повеќе од 20 вработени лица

-за над 10 вработени лица помошта се намалува за 50%

Подетални информации за повикот и подготовка на барања може да добиете на телефонските броеви:

📞 070 267-789
📞
071 285-385

или на e-mail: ✉️ [email protected]

Критериум

Поддршката се доделува во сооднос:
-1 вработено лице на 150 овци
-1 вработено лице на 50 кози
-1 вработено лице на 50 говеда

Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката

II. ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА
Право на користење на средства по мерки имаат следните субјекти:

Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Мерка 213

III. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за поодделна мерка се доставуваат во оригален примерок.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

-Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 64/22, 81/22, 88/22, 97/22, 171/22 и 192/22)
-Правилник за начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/2021)
-Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021 и 123/2022)

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 213, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

Еден барател може да поднесе едно барање само за една мерка. Еден барател може да поднесе најмногу 2 поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2022 година.

IV. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( зграда на Македониja Табак блок Ц)
1000 Скопје

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 11/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 14.10.2022 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Сеп 27, 2022agroadmin
Холандија уништува 201.000 пилиња поради птичји грипПочна жетвата на пченката во Србија - „Родот е исклучително лош, предвидувавме дека ќе биде понизок за 80 проценти, а сега на терен гледаме дека е и 90 проценти помал од просекот“

Напишете коментар Откажи одговор

27/09/2022 Рурален РазвојАФПЗРР, говеда, кози, овци, одгледувачи, рурален развој, финансиска поддршка216

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019