Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна селекцијата на пластичниот отпад од земјоделството во источниот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна селекцијата на пластичниот отпад од земјоделството во источниот регион
Агровести

Почна селекцијата на пластичниот отпад од земјоделството во источниот регион

Објавено 17/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Чешиново-Облешево е првата општина во источниот регион во која почна собирањето и селекцијата на пластичниот отпад од земјоделството, како дел од проектот што партнерски го реализираат локалната самоуправа и здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко тим исток” од Кочани.

На пет локации во близина на земјоделските површини во општината се поставени наменски и посебно означени контејнери за пластична амбалажа и друг пластичен отпад од земјоделското производство.

– Со проектот „Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени” општина Чешиново-Облешево активно се вклучува во борбата против климатските промени, а добива едуцирана заедница со зголемена свест и ресурси за постигнување на чиста и здрава околина. Локалните самоуправи имаат важна улога во борбата со климатските промени, а месното население мора да учествува во носењето одлуки од оваа тема. Поставените садови за селекција се одлична можност за земјоделците да покажат на дело колку им значи чистата и здрава почва за производство на храна. Како дополнителна превентивна мерка ќе им поделиме маски, ракавици и друга заштитна опрема, како и информативен материјал за целта на проектот, истакна Ирена Мирчовска, координаторка на проектот.

Подигањето, транспортот и обработката на пластичниот отпад од собирните места, како и неговото понатамошно предавање за рециклирање ќе го спроведува компанијата „Екопроект-Ко” од Кочани, а се очекува за почеток да биде собран минимум еден тон пластична амбалажа и друг отпад од земјоделството.

По успешното спроведување во Чешиново-Облешево, наскоро проектот ќе почне да се имплементира и во општините Зрновци и Кочани.

Проектот на здружението „Еко тим исток” е дел од шемата за регрантирање „Да зборуваме за климатските промени” што во сите шест плански региони во државата го спроведуваат здружението „Еко-свест”, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP Македонија) и Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ), а е финансиран од фондовите на Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:источен регионпластичен отпадселекција на отпадЧешиново-Облешево
Претходен напис Лео Лисјак на својата фарма годишно одгледува 5 тони еко боровинки
Следен напис Соборен е Гинисовиот рекорд во најголем принос на пченицата со неверојатни 17,398 тони од хектар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?