Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна откупот на тутунот се очекуваат повисоки цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Почна откупот на тутунот се очекуваат повисоки цени
Агровест

Почна откупот на тутунот се очекуваат повисоки цени

Последна измена: 20/11/2019 14:07
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Според тутунските здруженија, родот годинава е околу 24.000 тони. Се очекуваат повисоки откупни цени зашто тутунот е со висок квалитет каков што немало со години.

Тутунскиот комбинат од Прилеп и „Сокотаб“ – Битола денеска треба да ги отворат пунктовите за преземање на годинашната реколта тутун со што и официјално ќе почне откупната кампања.

Според тутунските здруженија, родот годинава е околу 24.000 тони. Се очекуваат повисоки откупни цени зашто тутунот е со висок квалитет каков што немало со години.

Муса Ибраимоски, претседателот на тутунското здружение „Златен лист“ од Долнени каде годинава се очекува род од околу 7.000 тони, вели дека преку 60 проценти треба да биде прва класа.

– Лани, просечната откупна цена беше 217 денари за килограм, а годинава, поради високиот квалитет, очекуваме најмалку 250 денари. Околу 60 отсто од тутунот е прва класа. Секако, откупувачите ќе сакаат да приберат кај себе повеќе од родот поради квалитетот. Многу добро ќе им дојде на тутунарите зашто ќе земат повеќе субвенции за прва класа кои се 80 денари за килограм откупен тутун – истакнува Ибраимоски.

Од очекуваните околу 24.000 тони, над 17.000 тони се во пелагонискиот регион.

Прилепскиот тутунски комбинат откупниот пункт ќе го отвори во 11 часот.

МИА

Може да ви се допадне

До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани 
Годинава се очекува зголемено производство на тутун за 15 проценти
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Таг:ОТКУП НА ТУТУНСокотабтутунтутунски комбинат
Претходен напис Расте производството на мешункасти растенија за сточарството и за луѓето – дали ЕУ е подготвена?
Следен напис АХВ: Колете ги свињите на чист простор и без многу публика
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?