Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Колете ги свињите на чист простор и без многу публика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > АХВ: Колете ги свињите на чист простор и без многу публика
Совети

АХВ: Колете ги свињите на чист простор и без многу публика

Објавено 20/11/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да се спречи секаков контакт на домашните миленици и на другите животни на фармата со свињите кои се колат ним не треба да им се даваат ниту отпадоците од колењето како што се опашките, папците, цревата и некои од внатрешните органи.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира колењето свињи во селските домаќинства, кое е актуелно во овој период, да се врши крајно внимателно, со преземање на сите безбедносни мерки пред, за време, по колењето, конфекционирањето и подготовката на месото.

„За да се елиминира секаква можност од евентуална појава и спречување на вирусот на африканска свинска чума и други болести, но, и заради лична заштита, неопходно е да се води сметка колењето на свињите да се изврши во ограден простор (најчесто двор), каде пристап нема да имаат други животни и домашни миленици. Површината на која ќе се врши колењето (бетонска или друг тип на површина која лесно се одржува), треба да може лесно да се измие со вода и да се дезинфицира“, советува АХВ.

Исклучително важно е оваа активност да се врши во присуство на што е можно помал број лица кои ќе бидат вклучени во колењето и конфекционирањето на месото. Пред почетокот да се изврши дезинфекција на облеката и алатот, а при колењето, лицата задолжително треба да носат заштитни ракавици.

„Доколку пред почетокот на колењето, сопственикот на добитокот забележи дека свињите манифестираат симптоми на треска, проследена со исклучително висока телесна температура, слабост во нозете, повраќање и дијареја, појава на црвенило или сино обоени делови од кожата, најмногу околу носот и ушите, кашлање и тешко дишење, задолжителено да повика ветеринар од ветеринарното друштво кое се грижи за здравјето на животните“, апелира АХВ.

Заради лична и заштита на животот и здравјето на членовите на поблиското семејство и на сите оние кои ќе го консумираат месото, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на свињи да повикаат ветеринар од ветеринарното друштво кое ќе направи проценка на исправноста на месото и неговата употребливост и од аспект на заштита од други болести.

За да се спречи секаков контакт на домашните миленици и на другите животни на фармата со свињите кои се колат ним не треба да им се даваат ниту отпадоците од колењето како што се опашките, папците, цревата и некои од внатрешните органи. За да се спречи можноста остатоците од животните по колењето да бидат разграбани од други животни тие треба да се закопаат длабоко во земја, да се посипат со негасена вар и по можност да се затрупаат со камења.

Исклучително важно е по колењето да се изврши темелно чистење и дезинфекција со негасена вар или специјални дезинфициенси кои имаат широк спектар на делување против вирусите, не само на површината каде се вршело колењето, туку и на и во објектите каде се чувале животните. Процесот на колење на животните покрај тоа што треба да се спроведе на хигиенски начин, задолжително мора да се води сметка и за благосостојба на животните и нивна заштита од болка и страдање.

Извор:Плус Инфо

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Таг:ахвколење на свињитесвињарствоСОВЕТИ ЗА СТОЧАРИТЕ
Претходен напис Почна откупот на тутунот се очекуваат повисоки цени
Следен напис Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?