Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Побрзајте „прв дојден, прв услужен“: Објавен огласот за надоместување на дел од трошоците за вградени ПВЦ и алуминумски прозорци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Побрзајте „прв дојден, прв услужен“: Објавен огласот за надоместување на дел од трошоците за вградени ПВЦ и алуминумски прозорци
Јавни огласи и повици

Побрзајте „прв дојден, прв услужен“: Објавен огласот за надоместување на дел од трошоците за вградени ПВЦ и алуминумски прозорци

Објавено 24/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што најави Министерството за економија и годинава ќе ги надомести дел од трошоците за вградени ПВЦ или алуминумски прозорци во износ од 50 % од вложената сума или најмногу до 20.000 денари за домаќинство.

За оваа намена во 2023 година предвидени се вкупно 25 милиони денари и ќе се опфатат над 1.200 домаќинства во државата, под услов досега не користеле средства од Буџетот за оваа намена.

Право на поврат на средства имаат сите што купиле и вградиле ПВЦ или алуминиумски прозорци од денот на распишувањето на огласот, па се до 31.07.2023 година.

За да аплицирате за надоместување на дел о Вашите трошоци, потребно е да ги пополните и доставите следните документи:

-БАРАЊЕ

БарањеПреземи

-ИЗЈАВА заверена на нотар кои ги имате и на следниот ЛИНК или може да се подигнат и од архивата на Министерството за економија,

ИзјаваПреземи

-ДОКАЗ дека сте извршиле купување-плаќање, фискална сметка или фактура – уплатница,

-ФОТОГРАФИИ во боја од старите дрвени прозорци што сте ги замениле и новите прозорци што сте ги вградиле;

-ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА

-ФОТОКОПИЈА од ЛИЧНА КАРТА на барателот

Сите комплетни документи во затворен плик треба да се достават до Министерството за економија најбрзо што може, бидејќи средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“ до искористување на предвидениот Буџет.

Документите може да се испратат и по пошта до Министерството за еконија на адреса „Јуриј Гагарин“ број 15 или да се достават директно во архивата на Министерството секој работен ден од 9 :30 до 15 часот.

На пликот треба да стои за:

Конечната листа на баратели кои го остварле правото ќе биде ојавена најдоцна до 30 септември, 2023 година.

Повеќе на ЛИНКОТ: ЈАВЕН ОГЛАС на Министерство за економија заПВЦ или алуминумски прозорци.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:ПВЦ прозори
Претходен напис Годишно собрание на Националната федерација на фармери
Следен напис Национална федерација на фармери: Домашната пченица чини 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?