Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По 25 години работа меѓу четири ѕида, за Александар пчеларството е позитивна промена: „Добриот збор за квалитетниот мед надалеку се слуша“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > По 25 години работа меѓу четири ѕида, за Александар пчеларството е позитивна промена: „Добриот збор за квалитетниот мед надалеку се слуша“
Магазин

По 25 години работа меѓу четири ѕида, за Александар пчеларството е позитивна промена: „Добриот збор за квалитетниот мед надалеку се слуша“

Објавено 04/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Александар Карафиловски од Скопје со пчеларство и производство на мед успешно се занимава од 2009 година. Претходно цели 25 години работел како бербер и вели дека работата со пчелите и престојувањето во природа е позитивна промена во неговиот живот по долгите години работа меѓу четири ѕида.

Има околу 100 пчелни кошници и функционира по принципот на пренесување на кошниците во периодот на паша.

Освен мед, произведува и полен, перга, прополис, матичен млеч, а засега е задоволен од количеството мед што го вади и вели дека неговото производство се движи во просекот за Македонија.

Посетува саеми за мед со цел да ги промовира своите пчелни производи, и вели дека добриот збор за квалитетниот мед надалеку се слуша. Сепак вели дека голем проблем пред сè е нелојалната конкуренција.

„Индивидуално го пласираме медот и секојдневно се бориме со лојалната, иако најголема пречка е нелојалната конкуренција, која пласира фалсификуван мед по пониски цени“, вели Александар.

Топлинскиот стрес, промената на климата и глобалното затоплување, вели Александар, во голема мера влијаат на приносите на мед.

„Како што се менуваат временските прилики и климата, така се менува и пчеларството. Годинава не беше најлоша, но не можеме да речеме дека беше совршена.
Наглите промени на температурата многу влијаат на медот. Најголемо негативно влијание има глобалното затоплување.“, вели Карафилоски.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:карафилоскипчеларство
Претходен напис Спроведена акција за одземање на бесправно исечена дрвна маса
Следен напис Од Тиквешко за грант од по 600 илјади денари аплицирале 65 мали семејни винарии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?