Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По 19 години, нова уредба за квалитет – само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По 19 години, нова уредба за квалитет – само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
Агровести

По 19 години, нова уредба за квалитет – само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот

Објавено 09/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член 257 став (1) од новиот Закон за енергетиката на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува значаен чекор во модернизацијата на регулативата во оваа област. Со неа детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што може да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на квалитетот, како и обврските на сите учесници на пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт. Особено значајно е што новата регулатива воспоставува еднакви правила за сите учесници на пазарот, со што се намалува просторот за злоупотреби и нелојална конкуренција. На тој начин компаниите што работат во согласност со законските прописи добиваат пофер и попредвидливо деловно окружување.

– Со новата уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива може да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи неговото почитување. За граѓаните, ова значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ќе ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет, а преку јасно утврдени правила и механизми за контрола дополнително се зајакнува заштитата на потрошувачите – истакнува МЕРМС и додава дека примената на повисоки стандарди за квалитет на течните горива ќе придонесе и за намалување на штетните емисии во животната средина, што претставува важен чекор кон почиста животна средина и поодржлив енергетски сектор.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска вели дека донесувањето на новата уредба претставува уште една значајна реформа со која Министерството воведува современи правила и воспоставува повисоки стандарди во секторот.

– По речиси 19 години, ја заменуваме застарената регулатива со нова уредба, која носи јасни правила и стандарди. Нашата цел е граѓаните да имаат поголема сигурност во квалитетот на горивата што ги користат, компаниите што работат законски да бидат заштитени од нелојална конкуренција, а пазарот да функционира по јасни и еднакви правила. Ова е воспоставување ред – така ги штитиме граѓаните, го штитиме чесното стопанство и градиме модерен и доверлив енергетски сектор – изјави министерката Божиновска.

Со донесувањето на новата уредба, Министерството продолжува со имплементацијата на новиот Закон за енергетиката и постепената замена на застарената регулатива со современи прописи, кои обезбедуваат повисоко ниво на заштита на јавниот интерес, поголема правна сигурност и поуреден, поконкурентен и потранспарентен пазар на течни горива. 

МИА

Може да ви се допадне

Јавен повик на АЕТМ: Ќе се поддржат 15 компании да започнат со онлајн продажба
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки
АМСМ: На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање
Таг:19 годинигоривата
Претходен напис Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
Следен напис Јавен повик на АЕТМ: Ќе се поддржат 15 компании да започнат со онлајн продажба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?