Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик на АЕТМ: Ќе се поддржат 15 компании да започнат со онлајн продажба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јавен повик на АЕТМ: Ќе се поддржат 15 компании да започнат со онлајн продажба
Агровести

Јавен повик на АЕТМ: Ќе се поддржат 15 компании да започнат со онлајн продажба

Објавено 09/07/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По 55 поддржани компании, започна нов јавен повик за бесплатно отворање на е-продавници. Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ), во партнерство со Visa, го објавува четвртото издание на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“, наменета за микро, мали и средни компании кои сакаат да ги направат своите први чекори во е-трговијата и да ги унапредат своите дигитални капацитети, се вели во соопштението од АЕТМ, кое МИА го објавува интегрално.

Јавниот повик е отворен до 20 јули 2026 година, а преку програмата ќе бидат избрани 15 компании кои ќе добијат поддршка за отворање на сопствена е-продавница и пристап до практична едукација за е-трговија и дигитален маркетинг.

Иницијативата е дел од долгогодишната соработка помеѓу АЕТМ и Visa, насочена кон поддршка на микро, малите и средните компании и поттикнување на нивната дигитална трансформација и конкурентност. Преку отворање нови онлајн продажни канали и развој на дигитални вештини, програмата им помага на компаниите полесно да пристапат до нови пазари, купувачи и можности за раст.

„Соработката на Visa со Македонската асоцијација за е-трговија е одличен пример за тоа како партнерствата можат да придонесат за зајакнување на локалната економија и дигиталната трансформација. Четврта година по ред, ги поддржуваме микро, малите и средните претпријатија во Северна Македонија, помагајќи им да ги отворат своите е-продавници, да го искористат потенцијалот на дигиталната трговија и електронските плаќања и да ја подобрат конкурентноста на нивните бизниси. Ова е особено важно со оглед на тоа што малите и средни претпријатија го формираат ‘рбетот на локалната економија и создаваат значаен дел од нејзината додадена вредност. Во исто време, побарувачката за онлајн купување продолжува да расте – според истражувањето на Visa Pulse, 42 проценти од потрошувачите во Северна Македонија купуваат онлајн најмалку еднаш месечно, додека една третина купуваат почесто. Затоа веруваме дека дигиталните плаќања и е-трговијата претставуваат една од најголемите можности за развој за локалните претприемачи, овозможувајќи им да допрат до нови клиенти, да ги зголемат приходите и да постигнат одржлив раст во дигиталната економија.“ – изјави Ана Драшковиќ, Потпретседател и извршен директор, Visa, Југоисточна Европа.

Во изминатите три изданија од иницијативата беа поддржани вкупно 55 домашни компании, кои успешно ги отворија своите први е-продавници и ги зајакнаа своите дигитални вештини за онлајн продажба. Со тоа, иницијативата придонесе за поголема дигитализација на локалните бизниси и нивно поуспешно вклучување во дигиталната економија.

Во рамки на програмата, избраните компании ќе добијат пакет за поддршка во вредност до 1.000 евра за отворање на нов продажен канал – е-продавница, преку локална маркетплејс платформа или преку развој на сопствено софтверско решение. Дополнително, учесниците ќе посетат еднодневна практична обука „Од локален бизнис до онлајн продавница“, каде ќе стекнат знаења за управување со е-продавница, дигитален маркетинг и рекламирање на социјални медиуми.

„Микро, малите и средни претпријатија се двигател на домашната економија, а голем дел од нив сè уште не ги користат можностите што ги нуди е-трговијата. Преку оваа иницијатива им помагаме полесно да го направат тој чекор, обезбедувајќи им не само финансиска и техничка поддршка за отворање на е-продавница, туку и практични знаења кои ќе им помогнат успешно да ја започнат и развиваат својата онлајн продажба. Понудата во е-трговијата е клучна за раст и развој на домашната побарувачка, а со оваа иницијатива директно влијаеме кон унапредување на онлајн понудата од домашните трговци. “, изјави Нина Ангеловска Станков, претседателка на АЕТМ.

Инаку, повикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои во моментов не продаваат онлајн, ниту преку сопствена е-продавница ниту преку маркетплејс платформа, а имаат интерес да започнат со е-трговија и да ги развијат своите дигитални капацитети. Компаниите ќе можат да аплицираат преку овој онлајн формулар достапен на веб-страницата на АЕТМ до 20 јули 2026 година, каде се објавени и сите детали за условите и процесот на селекција.

Во рамки на јавниот повик ќе биде организирана и бесплатна онлајн инфо-сесија, во понеделник, на 13 јули, со почеток од 11 часот, на која ќе бидат претставени програмата и условите за учество. Заинтересираните компании можат да се регистрираат на овој линк.

По пријавувањето ќе следува процес на евалуација и селекција на најдобрите кандидати. Изборот ќе го врши комисија составена од експерти од областа на е-трговијата, согласно критериумите наведени во јавниот повик. Едукативната еднодневна обука ќе се реализира во текот на септември 2026 година, со физичко присуство во Скопје. По успешното завршување на програмата, учесниците ќе добијат сертификат од АЕТМ, а стекнатите знаења и новиот онлајн продажен канал ќе им помогнат да ја зголемат својата видливост, да допрат до нови клиенти и да создадат предуслови за раст и зголемување на продажбата.

Со оваа иницијатива, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија продолжува да работи на проширување на понудата во домашната е-трговија, поттикнување на дигиталната трансформација на микро, малите и средните претпријатија и создавање поконкурентен и поразвиен домашен е-commerce екосистем.

МИА

Може да ви се допадне

Поради Африканска чума во Србија ќе бидат еутанизирани 11.000 свињи
Авионско прскање против комарци утре во Скопје
По 19 години, нова уредба за квалитет – само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата
Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки
Таг:15 компанииАЕТМјавен повиконлајн продажба
Претходен напис По 19 години, нова уредба за квалитет – само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот
Следен напис Авионско прскање против комарци утре во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?