Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платежна агенција: Исплатени субвенции за млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Платежна агенција: Исплатени субвенции за млеко
АгровестиСубвенции

Платежна агенција: Исплатени субвенции за млеко

Објавено 23/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 7.347 субјекти исплати 255,9 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплата на фармерите кои произведуваат и предаваат овчо, козјо и кравјо млеко. Фармерите кои произведуваат и предаваат кравјо млеко добиваат поддршка од 3.5 денари по литар, додека сите кои произведуваат козјо и овчо млеко финансиската поддршка по литар предадено млеко е 4.5 денари по литар.
Со денешната транша ислатени се и средства за фармерите кои одгледуваат женски приплодни маторици. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по маторица и 1.100 денари по маторица за сите земјоделски стопанства кои во фармата имаат од 6 до 50 маторици.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека:
„ АФПЗРР, до денеска исплати близу 5,9 милјарди денари за субвенции, што е 84% од средствата предвидени по Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. До сега исплатени се субвенциите за лозарство, овоштарство, сточарство, полједелство, тутун, пчеларство, мали земјоделски стопанства, индивидуални земјоделци и останати мерки. Сите апликанти кои ги исполнуваа условите за добивање на финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција, добија пари на нивните сметки. Таа политика и пракса ќе продолжи и во иднина, земјоделците заслужуваат да си ја добијат поддршката кога се во полн на берба или пак подготовка на површините за есенската сеидба:“- појаснува Бачовски.
Средства за исплата на земјоделските субвенции има, земјоделците се наш партнер и затоа грижата за агро – секторот останува приоритет на оваа Влада. Агенцијата, министерството за земјоделство и Владата ќе продолжат да креираат поволни мерки и политики кои ќе помогнат за раст и развој на секторот земјоделство.

Може да ви се допадне

Европска централна банка: Кредитирањето на бизнисите во еврозоната се забрза
Прво авионско третирање против комарци утре на кавадаречката територија
Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција
За половина денар поевинува дизелот, за исто толку поскапуваат бензините
Таг:млекосубвенции
Претходен напис АД Водостопанство го ДЕМАНТИРА здружението „Напредни лозари“: Изјавите се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба
Следен напис Хоџа: Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторици
1 коментар 1 коментар
  • Nadezda напиша:
    на 23/08/2021 г. во 13:11 часот

    Dali ima isplata na subvencii za pcenica?

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?