Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција
Агровести

Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција

Објавено 29/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градежните активности за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, до градот Елбасан, се одвиваат со несмалена динамика.

-На патниот сегмент Ќафасан – Елбасан,  кој е дел од коридорот VIII, продолжуваат со несмалена динамика, додека истовремено се работи на неколку фронтови за забрзување на имплементацијата на проектот. Во моментов продолжува изградбата на два моста, формирањето на патната траса, нејзина изградба и полнење, како и спроведувањето на работите за заштита на речните текови, објави албанската агенција за државни патишта

Паралелно, се изведува бетонирањето на тунелот во Мирака, додека во оваа област продолжува и изградбата на пешачки надвозник, работи што имаат за цел да ја зголемат безбедноста за жителите и учесниците во сообраќајот.

-Овој патен правец е еден од стратешките проекти за патната инфраструктура во земјава, кој ќе го  олесни  сообраќајот и ќе го скрати времето на патување, како во правец на Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина до 110 километри на час. Се очекува завршувањето на инвестицијата да ја зголеми безбедноста на патиштата, олеснувајќи го движењето на луѓе и стоки, наведуваат од Агенцијата.

Патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со по две ленти од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот а по неговата изградба минувањето на оваа делница ќе биде за околу половина час. Вкупната должина на делницата е педесетина километри, и како дел од Коридорот 8, нагласуваат од Агенцијата,  е „ главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција“. 

МИА

Може да ви се допадне

Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
За половина денар поевинува дизелот, за исто толку поскапуваат бензините
УХМР: Од утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
Скопски Водовод: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет
Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
Таг:албанијаГрцијакопнената врскаЌафасан - Елбасан
Претходен напис За половина денар поевинува дизелот, за исто толку поскапуваат бензините
Следен напис Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?