Денеска, на сметките на 7.347 субјекти исплатени се 255,9 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплата на фармерите кои произведуваат и предаваат овчо, козјо и кравјо млеко.
Фармерите кои произведуваат и предаваат кравјо млеко добиваат поддршка од 3.5 денари по литар, додека сите кои произведуваат козјо и овчо млеко финансиската поддршка по литар предадено млеко е 4.5 денари по литар.
Со денешната транша ислатени се и средства за фармерите кои одгледуваат женски приплодни маторици. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по маторица и 1.100 денари по маторица за сите земјоделски стопанства кои во фармата имаат од 6 до 50 маторици.
До сега исплатени се субвенциите за лозарство, овоштарство, сточарство, полједелство, тутун, пчеларство, мали земјоделски стопанства, индивидуални земјоделци и останати мерки.
Со денешната исплата, исполнуваме околу 84% од средствата предвидени по Програма за финансиска поддршка во земјоделството.
Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа
Хоџа: Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторици
Остави коментар
Остави коментар
