Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: EXPO 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис сцена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > EXPO 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис сцена
Агровести

EXPO 2027 Белград – можност за македонските компании да се претстават на глобалната бизнис сцена

Објавено 15/07/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонскиот павилјон на EXPO 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба EXPO 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година.

Повикот е наменет за компании кои имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, технологии и иновативни решенија пред домашната, регионалната и меѓународната деловна заедница, да воспостават нови деловни партнерства, да ги прошират своите извозни можности и да остварат директни контакти со потенцијални инвеститори, купувачи и институционални партнери.

-Согласно правилата на организаторот на EXPO 2027 Белград, пријавувањето и резервирањето на термините за деловните активности ќе се реализираат по принципот „прв пријавен – прв потврден“. Поради тоа, ги охрабруваме заинтересираните компании своето учество да го пријават навремено, со цел да обезбедат место во програмата и да бидат вклучени во тематските активности што најмногу одговараат на нивниот сектор, велат од Канцеларијата на комесарот на Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 по повод утрешната промоција на повикот.

Претставувањето на македонските компании ќе биде организирано во согласност со официјалните тематски недели на EXPO 2027, што ќе овозможи целно позиционирање пред релевантни меѓународни деловни публики и учество во секторски и интерсекторски настани.

Пријавувањето се врши електронски, преку пополнување на пријавата достапна на: https://macedonianpavilion.com/prijava/, а крајниот рок е 1 септември 2026 година.

Тематски недели на EXPO 2027

– Деловната програма ќе се реализира во рамките на следните тематски недели:

22 – 29 мај 2027 – „Play for Resilience”: Фармација и медицина, производство, спорт, велнес и бањски туризам, хотелиерство, храна и пијалоци, туризам, технологија.

5 – 12 јуни 2027 – „Play for Sustainable Future”: Енергетика, инвестиции, ланци на снабдување, биопроизводство на вино, одржлива храна, обновливи извори на енергија.

19 – 26 јуни 2027 – „Play for Innovators”: Вештачка интелигенција, електрични, хибридни и автономни возила, логистика, информатичко-комуникациски технологии, хардвер и софтвер, развој на производи, аутсорсинг, стартап компании, ризичен капитал, инвестиции.

3 – 10 јули 2027 – „Play for Visionaries”: Туристички дестинации, забавна индустрија, музичка индустрија, продукција, издаваштво, извоз.

17 – 24 јули 2027 – „Play for an Active Society”: Земјоделство, енергетика, текстилна индустрија, спорт, музика, женско претприемништво, човечки капитал, развојни фондови.

7 – 14 август 2027 – „Play for Peace”: Спортски настани, управување со електронски отпад, развој на таленти, уметност, занаетчиство, трговија, деловна програма.

Во рамки на EXPO 2027 деловната програма, компаниите ќе имаат можност да иницираат и да учествуваат во: секторски и тематски конференции, тркалезни маси и панел-дискусии, инвестициски форуми и роуд-шоу презентации, B2B и B2G деловни средби, меѓународни панел-дискусии со претставници од Македонија, презентации на производи, услуги и иновативни решенија, како и во организирано деловно вмрежување со компании, институции, инвеститори и стопански комори од целиот свет.

– Учеството во деловната програма на EXPO 2027 Белград претставува значајна можност за македонските компании да ја зајакнат својата меѓународна видливост, да ги промовираат своите производи и услуги, да воспостават нови деловни партнерства и да отворат можности за нови инвестиции и извоз на глобалните пазари. Македонскиот павилјон на EXPO 2027 Белград се реализира со поддршка на Генералниот секретаријат на Владата, во партнерство со Сојузот на стопански комори, со цел да се обезбеди силно и координирано претставување на македонската економија и бизнис заедница на една од најзначајните меѓународни изложби, наведува Канцеларијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
Кинеската трговска размена достигна 3,75 трилиони долари во првите шест месеци од 2026 година
АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Таг:EXPO 2027 Белградглобалната бизнис сценакомпании
Претходен напис Пиперки полнети со урда
Следен напис Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?