Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Пекинг добива музеј на вино вреден 60 милиони евра


Најважниот и најголемиот музеј за вино во светот, Cite du Vin, кој се наоѓаво Бордо Франција, ќе се прошири и во Пекинг. Како што најавуваат во оваа институција сместена во најпознатиот вински регион на планетата, новиот музеј ќе биде направен на триесеттина километри од центарот на Пекинг и ќе биде во чекор со брзината со која овие проекти се спроведуваат во Кина. Музејот ќе биде отворен веќе следната година.  

–  Виното е дел од светот, изјави Силви Казес, претседател на Фондацијата за винска култура и цивилизација, организација која управува со музејот во Бордо.

Таа потенцира дека нивната мисија е, големата историја на виното да ја споделат со луѓето во Кина.

Како што пренесува, Wine Spectator, извонредно интересен дизајн на музејот претставува кубистичката интерпретација на хоризонтот Сен Емилијов. Оваа зграда би требало одлично да се вклопи во веќе постоечкиот амбиент на винското село Џонг Пу Хуи, како амбиентална целина во рамки на која се наоѓа националниот парк Шиду, познат храм Јунџу и палеолитско наоѓалиште на кое се пронајдени фосили Хомо еректус, еден од предците на човечката раса.

Иницијативата за изградбата на музејот ја предводи кинескиот бизнисмен Вејџан Танг (62), кој го стекнал богатството во „дјути фри“ бизнисот. Танг е голем франкофил, кој за своето верно ширење на француската култура, стана носител на орденот на легија на честа во регионот Фангшан во кој ќе биде сместен новиот музеј. Тој, прв уште пред две децениии, посадил насади со винова лоза. Денес овој регион има околу 30 лозови насади.

– Кина и Франција делат многу блиска љубов спрема гастрономијата и веселите собири со храна – вели Танг, кој смета дека француската винска култура е природно блиска до Кинезите.

Во новиот музеј ќе биде изложена поставка слична на онаа во Бордо, но ќе биде прилагодена за кинеските посетители. Поставката ќе биде поделена на целини кои ќе зборуваат за поимот вино, неговата историја, како и врската меѓу виното и современиот човек, вклучувајќи и информации за купување и консумирање. Неодминлив дел за посетителите на музејот ќе бидат и добро подготвените дегустации.

Фев 11, 2020agrotim2
Вината од Тиквеш освоија три медали во Франција(ВИДЕО) Денис Емини - фармер: Никој не ми веруваше дека ќе добијам 10 000 евра од „Млад земјоделец“

Напишете коментар Откажи одговор

11/02/2020 МагазинМузеј, Музеј за вино во Пекинг, Пекинг155

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019