Карфиолот запечен со сирење е вкусно и кремасто јадење со златна коричка и богат вкус на сино сирење. Одличен е како самостоен оброк со свежа салата или како прилог со месо.
Потребни состојки:
- 1 средно голем карфиол
- 2 лажици масло
- 3 јајца
- 150 мл кисела павлака
- 100 г сино сирење
- 2 лажици остро брашно
- 100 г едамер, гауда или трапист
- 50 г лебни трошки
- Сол, бибер и магдонос по вкус
Подготовка:
Карфиолот исчистете го, разделете го на цветови и варете го околу 12 минути во зовриена вода. Исцедете го и исплакнете го со ладна вода. Огноотпорен сад премачкајте го со масло и посипете го со лебни трошки.
Распоредете го карфиолот во садот. Одделете ги жолчките од белките. Белките изматете ги со малку сол во цврст снег. Жолчките измешајте ги со киселата павлака, издробеното или рендано сино сирење, брашното, солта, и биберот. На крајот внимателно вмешајте го снегот од белки. Подготвената смеса рамномерно распоредете ја врз карфиолот.
Печете во загреана рерна на 170 °C околу 25–30 минути. Извадете го садот, посипете со ренданиот едамер и вратете го во рерна уште 7 минути, додека сирењето не се стопи и не добие златна боја. Малку оладено наросете го со сецкан магдонос.
Послужете го јадењето со свежа сезонска салата. Ако го подготвувате како прилог, одлично се комбинира со печено месо.
МИА

