Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларска вечер организирана од Здружението „Пијанечка пчела 2″
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчеларска вечер организирана од Здружението „Пијанечка пчела 2″
Агровести

Пчеларска вечер организирана од Здружението „Пијанечка пчела 2″

Објавено 24/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружувањето на пчеларите е од особена важност за надминување на предизвиците со кои се соочуваат во изминатаите години. Ова е констатацијата на претседателот на Пчеларската федерација, д-р Јане Марков, кој присуствуваше на заедничката дружба на пчеларите од Пијанец и Малеш, организирана од Здружението „Пијанечка пчела 2″, која се одржа по повод одбележувањето на Св.Харалампиј, заштитник на пчеларите.

-За било што да е, треба здружување. Секој ако мисли дека може сам, тоа е тешко. Ако ги земеме, овците, сама овца не може, пчелите уште помалку можат сами. Во денешно време поради климатските промени, со исхраната не им одговара, бидејќи не можат да си најдат од природата, не можат да си најдат храна, бидејќи на едноврсна храна никој не опстојува и затоа е потребно заеднички тука пчеларите да си помагаат, истакна Марков.

Тој им порача на пчеларите за секоја промена што ја забележуваат на нивните пчеларници, навремено да реагираат.

-Од болестите најважно е крлежот да го контролираме. Самите крлежи цицајќи ја лимфата пренесуваат и вируси, вируси на широки крила, на матицата. Сега имаме и една бубачка која доаѓа, која снесува јајца и ги уништува пчелите. Сето тоа треба да се контролира бидејќи кога нешто го држиш под контрола е многу полесно да се справиш со него. Од таа страна, треба и во тој дел да научиме ако се појави некоја болест да се консултираме, за да навреме се интервенира, додаде Марков.

Годината што измина иако не била задоволителна кога е родот во прашање, според Весна Билјарска е најважно што пчелите презимиле без проблеми. 

-Генерално, кај нас е добро моментално, сите пчели – околу 65 ни се живи, односно немаме смртност кај нив, се развиваат одлично. Кога е родот во прашање, средно добро поминавме лани. Што се однесува за оваа година според климатските услови, годината е добра сега за сега па ќе видиме, вели Билјарска.

За делчевското здружение, како што посочи неговиот претседател Јованчо Медарски, годинава ќе биде важна бидејќи се прават напори да се организира манифестацијата Денови на Пијанечкиот мед. 

-Планот е да се почне со едукативни активности во училиштата, а потоа да се побара поддршка од Општината истата да влезе во календарот на настани од туристичко значење, бидејќи главна цел е промоција на регионот, истакна Медарски.

На заедничкиот настан пчеларите од Пијанец го одбраа пчеларот Митко Антовски за нов кум за наредната година, кога повторно на Св.Харалампиј ќе се одржи Пчеларска вечер.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Пијанечка пчела 2Пчеларска вечер
Претходен напис (ВИДЕО) Само 4 км пат ги делат од основни услови за живот и пристап до цивилизација
Следен напис Заменик-министерот Беџети ја отвори Информативната сесија за Јавниот повик од Програмата ИПАРД III во Тетово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?