Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пазарот за малини, капини и рибизли е доста нестабилен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пазарот за малини, капини и рибизли е доста нестабилен
АгровестиПазари

Пазарот за малини, капини и рибизли е доста нестабилен

Објавено 18/06/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Моменталната состојба на пазарот за малини, капини и црни рибизли, спорд податоците што ги објави  freshplaza, не ветува многу. И додека малините и капините донекаде поминуваат во малопродажбата, за рибизлите корона вирусот беше погубен, бидејќи затворањето на рестораните го стопира нивниот пласман.

Во Холандија пазарот на малини е стабилен додека Франција увезува од Шпанија и Португалија

Во Холандија бербата е во тек, а според трговците на ова овошје побарувачката на малини е голема и тие имаат стабилни цени, додека пазарот за капини е непредвидлив и цените варираат. Во Белгија се жалат производителите на црени рибизли чиј пласман претрпи најголеми штети поради затворањето на рестораните.

Што се однесува до Франција, од април па наваму сите малини што се наоѓаат во продавниците се увезени од Шпанија и Португалија, а португалските се особено популарни поради својот вкус и големина. Иако првите три недели биле тешки како за трговците така и за производителите, сега ситуацијата се подобрува па и таму би требало да започне бербата.

Во Германија бербата започна нешто порано, но снабдувањето е многу мало

Првите малини од пластеници, на полиците во супермаркетите можеа да се најдат уште на 25 ти. мај , што е прилично невообичаено бидејќи предходните години не може да се најдат се до почетокот на јуни.

„Продажбата е добра но понудата е слаба. Продажните цени се исто така високи поради зголемените трошоци во производството. Освен домашните, во маркетите можат да се најдат  капини и малини од Холандија и Португалија“ вели еден од трговците на големо и додава дека сушата во Германија би можела да влијае врз приносите на останатото овошје.

Полска од друга страна, се соочува со проблемот за работна сила. И покрај тоа што имше доволно плодови, земјоделците немаа работна сила за да можат да ги соберат. Исто така Полјаците оделе и сеуште одат само еднаш неделно во куповина, што многу наегативно влијае врз продажбата на ваквото овошје. Цените на домашните и увозните малини се намалени за 12,5%. Оваа држава обично произведува помеѓу 105 000 и 129 000 тони вакво овошје на околу 29 000 хектари.

Во Италија рибизлите се заглавени во магацините, а во Шпанија производителите се уништени од јаката конкуренција

Сезоната на сицилијански малини  веќе е при крај , додека во Калабрија, Басилицати и Венеција продолжува , а наскоро ќе започне во Трентино и Јужен Тирол. Цените на малините и капините не се многу променети поради пандемијата, а во просек се движат околу 13-14 евра/килограм на пазарот во Верона.

Истовремено црвените рибизли се заглавени во магацините„ Кога започна корона кризта, многу увозници ги наполнија своите магацини со рибизли увезени од Чиле, меѓутоа побарувачката драстично опадна и сега на пазарот има преголема понуда, а домашните сеуште не се пристигнати“ објаснуваат трговците.

Шпанската берба на малини започна нешто порано за разлика од минатите години. Цените се под голем притисок,  увозот според тврдењето на производителите го отежнуваат Португалија и Мароко кои им станаа големи конкуренти.

Извор:Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:малининетсбилен пазарпазаририбизлицреши
Претходен напис Во Кина ќе се одгледуваат 200 милиони свињи
Следен напис Корона вирусот ги смени винските навики на Кинезите, вино се пие и дома, како луѓето од запад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?