Откако африканската свинска чума ги опустоши фармите, во Кина сега се градат фарми во близина на урбани подрачја, иако со години спроведуваа политиката за заштита на животната средина.
Најголемиот светски потрошувач на свинско месо ќе изгради фарми ширум земјата за околу 200 милиони свињи за да ја го обнови производството, откако епидемијата на африканска свинска чума направи големи штети.

Фармите кои беа сместени во близина на градовите се соочувале со големи трошоци за да ги спречат проблемите на истекување на штетните материи во водата и земјиштето, а тоа во периодот 2015 и 2017 година ја натера Владата да ги пресели што подалеку од урбаните средини.
Зу Шенг, сопственик на земјоделската и сточарската компанија “Sifanghong”, оваа година гради една од 11 фарми планирани за периферијата на Пекинг. Во една од нив, сместена во источниот дел на Пекинг, околу 70 километри над самиот центар на градот, ќе одгледува околу 60.0000 свињи годишно.

– „Ние сме еден од клучните елементи насочени кон стабилизација на залихите на месо во Пекинг и заштита на животната средина“, изјавил Зу.
Производителот на свинско со врвен квалитет, New Hope Liuhe исто така планира да изгради повеќекатна фарма за 150.000 грла годишно. Уште шест земјоделски стопанства се обновуваат и прошируваат, соопшти пекиншката општинска влада за Ројтерс.
Кина поради свинското месо ги намалува царините за увоз, а на пазарот ги става државните резерви. Кинеската влада ја гледа стабилизацијата на залихите на свинско месо како клучна за безбедноста со снабдување со храна откако во 2019 година порасна инфлацијата поради рекордните трошоци за производство. За да гарантира минимална снабденост во секој регион, секоја провинција и главна општина мора да произведе одредена количина на тој вид месо.

Пекинг кој има нешто повеќе од 20 милиони жители мора до 2022 година да одгледа 890.000 свињи за да задоволи барем една десетина од своите потреби за свинско месо, а тоа е околу три пати повеќе отколку што е произведено минатата година.
За да ги исполни своите цели, градската власт избра погодни места за нови земјоделски стопанства и ги повика компаниите да дадат понуди за парцели, поедноставувавјќи ги постапките кои инаку беа потребни.
И другите градови и развиени региони го прават истото. На југоистокот на земјата Нањинг, град од осум милиони, гради 12 фарми за да се зголеми производството за четири пати повеќе отколку во 2018 година. И Зејианг, крајбрежна провинција јужно од Шангај, сака да произведе 50 % повеќе свињи отколку пред две години.
Пораст на цените поради африканската свинска чума
Одгледувањето на свињи во близина на урбаните подрачја во еден дел би ја подигнал ефикасноста на поранешната национална кампања за заштита на живтоната средина кога се затворени повеќе од 200.000 воглавно мали фарми во близина на водените површини и во населените подрачја. Наместо тоа, Владата за поттикна изградбата на големи фарми во североисточните провинции “Heilongjiang”, “Jilin”, “Liaoning” и Централна Монголија, каде има повеќе земја и помалку луѓе.
Свињите после тоа ќе се транспортираат во градски кланици за да се задоволат потребите на потрошувачите, но забраната за превоз на живи животни поради сузбивање на африканската свинска чума го поремети тој деловен модел и предизвика пораст на цената на месото.
Одобрени клинички испитувања на вакцина за африканска свинска чума
Кинеската вакцина против африканска свинска чума дава добри резултати во испитувањата кои се во тек, чиј напредок го следат одгледувачите на свињи ширум светот бидејќи моментално нема достапни лекови или вакцина против оваа болест.
Во еден од трудовите објавени во март, кинеските научници на институтот за ветеринарство во Харбин, велат дека вакцината која ја развиле, во лабораториските тестови е сигурна и ефикасна.
Клиничките испитувања одобрени се во март и се вршат на 3.000 свињи сместени на три локации. Досега вакцинираните свињи се покажале како здрави, а не биле ни преносители на вирусот.
Извор: Agroklub
