Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пад на откупните цени на раноградинарските култури во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Пад на откупните цени на раноградинарските култури во Струмичко
Агровест

Пад на откупните цени на раноградинарските култури во Струмичко

Објавено 10/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градинарите од Струмичко реагираат на падот на цените на раноградинарските култури во Струмичко. По високите откупни цени на самиот почеток на бербата, тврдат дека деновиве доматите и краставиците, а посебно пиперките, се откупуваат по неисплатливи цени за производителите.

Според Ристо Велков од Сојуз на синдикат на земјоделски производители од Струмица, доматите се откупуваат за 50 денари за килограм, краставиците за 20-25 денари, а пиперките 20 денари за килограм.

-Единствено пролетната зелка има стабилна откупна цена од 30 денари за килограм, додека цените на другите градинарски култури паднаа. Овие култури имаат поголеми трошоци за производство, бидејќи се произведуваат во пластеници и оранжерии со загревање и овие цени се неисплатливи за нас. За една недела треба да стаса за берба и пролетната зелка на отворено, па ќе видиме дали ќе продолжи да се откупува како досега – рече Велков.

Според трговците, откупните цени се движат во рамките на почетниот производствен циклус и засега побарувачката е добра, како од странските, така и од домашните пазари. И тие потврдуваат дека пиперките се откупуваат по ниска цена, додека другите градинарски култури се откупуваат по цени кои ги диктира понудата и побарувачката.

-Пиперките се откупуваат по 20 денари за килограм, иако е почеток на бербата. Почнавме и со откуп на пролетна зелка од отворено и таа се откупува за 25 денари за килограм. Пред празниците откупните цени беа повисоки, но тоа се должеше на почетното производство. Но, деновиве производството стасува и нормално е да има одреден пад на откупните цени – смета трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“.

Инаку, на зелените пазари во Струмичко доматите се продаваат од 50 до 70 денари за килограм, пиперките од 50 до 60 денари, а крастaвиците од 30 до 40 денари за килограм.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Во Струмица Саем на социјални иновации – UPSHIFT
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:струмица
Претходен напис Поскапуваат бензините и дизелот
Следен напис Бунтување во Италија поради можниот план на ЕУ за разблажување на виното со вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?