Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овоштарникот во февруари – По резидбата, заштитете ги овошките од измрзнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Овоштарникот во февруари – По резидбата, заштитете ги овошките од измрзнување
Совети

Овоштарникот во февруари – По резидбата, заштитете ги овошките од измрзнување

Објавено 15/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Временските услови во февруари се променливи. Се карактеризираат со повремено затоплување како најава за доаѓањето на пролетта, како и со остри заладувања, типични за зимските месеци. Месечната амплитуда на температурните осцилации е релативно голема. Просечната месечна температура на почвата се движи помеѓу -1 и 3 степени. Врнежите во текот на овој месец се релативно малку – околу 30-40 л/м 2. Сонцето е сѐ уште ниско, полека се зголемува осончувањето како и сончевите денови, а се намалуваат облачните денови и релативната влажност. Сепак, се зголемува бројот на денови кога може да се работи во овоштарникот.

Во февруари треба да продолжат мерките за заштита започнати во јануари. Резидбата, која започнува кај јаболката и крушите, како овошки најотпорни на студ, сега продолжува кај црешите, вишните, праските и кајсиите. Бидејќи раните кои настануваат при резидбата зараснуваат потешко во студеното време, тоа предизвикува опасност од измрзнување. Местата каде се извршила резидба треба да се премачкаат со мрсни бои за заштита од заразување со болести и штетници. Резидбата треба да заврши до фаза бабрење на пупките.

Кај малини, капини и рибизли, кои се одгледуваат на повисоките места, се врши резидба за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња). Тоа е најдобро да започне да се врши во средината на месецот и може да продолжи и во текот на месец март.

Во некои области по поминувањето на зимските мразеви се врши зимско прскање (обично второ по ред) против презимните стадиуми на голем број штетници на овошните култури. Тоа е корисно особено за старите дрвја, каде што има акумулација на зараза од некои економски важни штетници како што се штитести вошки, овошни пајаци и др.

Кај јаболчестите видови зимското прскање е насочено пред сè против зимските јајца на црвениот овошен пајак, лисните вошки, крушковата болва и др. Кај коскестите овошки и особено каj праската потребно е да се изврши прскање со: 2% бордовска чорба; 0.3% Тирам; 0.3% Фунгуран; 0.3% Шампион. Кон последните три препарати може да се додаде и масло за уништување на презимните форми на некои штетници. Зимските прскања се најефикасни, кога се вршат непосредно пред бабрење на пупките до фаза „глувчи уши“. Кај одделни овошни култури овој период започнува во средината на февруари и трае до почетокот на март.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:заштитетеизмрзнувањеОвоштарникотрезидбатафевруари
Претходен напис (ВИДЕО) Зошто да се употребува пепел во производство на овошје и зеленчук?
Следен напис Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?