Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Зошто да се употребува пепел во производство на овошје и зеленчук?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Зошто да се употребува пепел во производство на овошје и зеленчук?
Агровести

(ВИДЕО) Зошто да се употребува пепел во производство на овошје и зеленчук?

Објавено 15/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако просторот околу овошките ќе се окопа и во земјата ќе се стави арско ѓубриво, овошките подготвени ја чекаат пролетта. Во текот на зимата домаќинствата добиваат поголемо количество пепел како нус-производ на греењето. Таа пепел има корисни својства и може да се употреби во производство на овошје и зеленчук. Сепак, со пепелта треба да се внимава и да не се применува исто кај сите билки. Прво на што треба да се обрати внимание е пепелот да настанал со согорување на дрвја, а не некоја друга неорганска материја, гума или пластика.

Пепелта во својот состав содржи разни минерални материи кои и се потребни на билката за развој и плодоносење. Една од тие материи е калиумот. Повеќето билки имаат потреба од калиум бидејќи тој е битен за цветање и развој на плодовите.

Со додавање пепел во земјата создаваме алкално опкружување, кое на одредени билки им го отежнува развојот, а на некои билки им помага.

Познато е дека плевелите подобро растат во кисели земјишта. Почвата се закиселува со додавање разни минерални ѓубрива, па пепелта може да послужи за неутрализирање на негативното влијание по додавањето вештачки ѓубрива.

Додавањето пепел корисно е при одгледување јаболка, праски, круши, малини, капини, цитруси, сливи, црешни, рибизли.

Сепак, како и во сѐ друго, треба да се биде умерен и да не се претерува со додавање пепел на исто место.

За да бидеме сигурни, најдобро е да се направи анализа на почвата и да се утврди киселоста на земјиштето. Повеќето билки растат во почва која е на премин од алкална во кисела.

Предностите од додаваање пепел се регулација на ПХ вредноста на почвата, која најчесто треба да се движи во вредности од 6 до 7,5. Освен тоа, пепелта ги уништува штетниците како што се полжавите, гасениците, скакулците.

Пепелта е исклучително добра кај мулчирање, бидејќи со примената на мулчот влагата останува во почвата што е исклучително важно кај сушните периоди. Сепак не е добро да се користи овој мулч за билки како боровници, кои успеваат во кисела почва.

Пепелта е корисна и во компостот. Често во компостот завршуваат многу овошки и зеленчуци, па таквиот компост е поприлично кисел. Со додавањето пепел во компостот ќе ја намалиме киселоста.

Пепелта нема да ја користиме при одгледување боровинки, компири или магдонос. Задолжително ќе ја користиме кај зеленчук и особено кај доматите.

Најдобар начин за примена на пепелта кај доматите е залевање со вода во која неколку дена се растопувал пепел.

На 10 литри вода се додава 1 килограм пепел и се остава да стои 3-5 дена.

Пепелта се додава во почвата во доцна есен или рана пролет. Треба да се води сметка да се додава во мали количини за врнежите да помогнат при растворање на материите во почвата. Земјиштето прекириено со пепел напролет се прекопува за пепелта што повеќе да се промеша со земјата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зеленчукЗоштоовошјепепелупотребува
Претходен напис Зимска резидба на лозата – Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца
Следен напис Овоштарникот во февруари – По резидбата, заштитете ги овошките од измрзнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?